Белгија ги замрзнува платите на пратениците во следните четири години
Платите на федералните пратеници во Белгија ќе бидат замрзнати во следните четири години како мерка за заштеда на буџетски средства, објавија локалните медиуми.
Одлуката е донесена на состанок на претседателскиот совет на Федералниот парламент и влијае и на исплатата на работничките бенефиции.
Се прецизира дека слична мерка претходно е воведена во врска со платите на министрите. Федералните пратеници во Белгија добиваат...
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), констатирала дека 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја испочитувале законската обврска за пријавување имотната состојба.
Од ДКСК појаснуваат дека согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена...
Намирници за добар сон
Здрава храна
Одредени здрави намирници помагаат да имате подобар сон. Доколку имате проблеми со спиењето и сакате да се разбудите навистина одморени, можеби е време да обрнете внимание на тоа што јадете и пиете. Некои секојдневни намирници може да го подобрат квалитетот на сонот и да направат следното утро да се чувствувате поздраво од вообичаено.
Издвојуваме неколку предлози што навистина функционираат.
Млеко:...
МЖСПП стави во функција нов веб портал за квалитет на воздухот
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот, на кој може да се пристапи преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk.
- Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време. Новитет е тоа што се споредуваат со новиот индекс, кој е во согласност...
Најдобрите археолошки откритија во 2025 година
Најзначајните археолошки откритија во 2025 година вклучуваат прва гробница на фараон пронајдена по повеќе од еден век, мозаична маска од жад на мајански владетел, докази дека луѓето ја совладале уметноста на создавање оган 350.000 години порано отколку што се мислеше, ретка фреска од Помпеја, најстарите мумии во светот и најраните познати предмети распоредени за да раскажат приказна.
Археолошки моменти на...
Осигурителното брокерско друштво „Еуромак брокер“ доби високо признание за извонредност
Престижната награда „Гоу глобал“ за првпат доделена на македонска компанија од осигурителната дејност
Ова е прва награда „Гоу глобал“ доделена на деловен субјект од македонската осигурителна индустрија
Македонското осигурително брокерско друштво ОБД „Еуромак брокер“ АД Скопје се закити со престижната награда „Гоу глобал 2025“ (Gо Global 2025) за вонредни достигнувања во делот на услугите во финансискиот осигурителен сектор, доделена од...
Свети Николе или Свети Никола: Единствениот град со име на светец во Македонија (2)
Мистична Македонија: Музеј под отворено небо
Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент
Добре дојдовте во Македонија, земја на волшебни предели, богата историја и уникатни знаменитости. Во овој фељтон ќе ви ги претставиме природните ресурси,...
Со констатирање на оставката, де факто започна процедурата за избор на нов јавен обвинител
Вчера државниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, вчера, пред почетокот на 76. собраниска седница, ги информира пратениците дека државниот обвинител Љупчо Коцевски поднел барање за престанок на функцијата до законодавниот дом. Во согласност со ова барање, собраниската расправа за негово разрешување беше беспредметна и не се одржа.
Имено вчера, непосредно пред собраниската седница, јавниот обвинител Коцевски...
„Урбани пејзажи“ од Париз на македонскиот уметник Рафаел Ристовски
Францускиот институт во Скопје поканува на изложбата „Урбани пејзажи“ на македонскиот уметник Рафаел Ристовски, која ќе се одржи денеска, во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје.
Фотографиите на Рафаел Ристовски се направени за време на уметничкиот престој во резиденцијата во Меѓународниот град на уметностите во Париз, каде што секоја година престојуваат повеќе од 300 уметници од целиот свет.
Овој престој...
Сабаленка вторпат во низа е тенисерка на годината
ИЗБОР НА ВТА
Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка е избрана за тенисерка на годината од страна на Женската тениска асоцијација (ВТА) втора сезона во низа. Белоруската тенисерка (27) освои четири титули, најмногу на турнејата, вклучувајќи го и освојувањето на Отвореното првенство на САД во септември, со што го оствари својот четврти триумф на гранслем-турнир. Во текот на сезоната, Сабаленка...








































