Обвинение против поранешниот директор на „Комунална хигиена“ и управителот за отпад за загрозување на животната средина
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по спроведена истражна постапка поднело Обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Како што се наведува во соопштението, истрагата покажала дека во текот на октомври...
Одлуката за привремениот наследник на Коцевски одложена за понеделник
За во понеделник во 11 часот е одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која треба да определи вршител на должноста државен јавен обвинител откако Љупчо Коцевски во вторникот си поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција.
Денешната седница беше одложена поради отсуството на членот на Советот, Јелена Догазанска Колева. Заради нејзиното...
Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри
На мерното место Кичево и Струмица е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 милиграми на метар кубен во текот на два последователни денови), информира Министерството за животна средина и просторно планирање, повикувајќи се на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска...
Апликација на вашиот телефон што постојано ве шпионира
Техно
Експертите за сајбер-безбедност издадоа предупредување до сопствениците на андроид-уреди за апликациите што собираат лични податоци. Во нова истрага спроведена од страна на порталот за потрошувачи „Вич“ се утврди кои апликации може да ги злоупотребуваат корисничките податоци. Меѓу нив беа и апликации како Ватсап, Фејсбук, Тикток, Инстаграм, Амазон, Алиекспрес... - кои заедно се симнати повеќе од 28 милијарди пати низ...
Промоцијата на монографијата „100 години ‘Палјачи’ во Штип“
Промоцијата на монографијата „100 години ‘Палјачи’ во Штип (1925-2025): Операта што ја отвори македонската музичка сцена“ на Наташа Диденко, која ја осветлува историската и културната димензија на премиерата на операта „Палјачи“ во Штип во 1925 година, е закажана за денеска, во 12 часот, во Свечената сала на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Модератор е...
Јаглехидратите богати со влакна го чуваат здравјето
Исхраната со намирници што содржат повеќе влакна, како што се леб од цело зрно, интегрални тестенини, мусли, јаткасто овошје и мешунки, ќе го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања и прерана смрт, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација.
Авторите на извештајот за СЗО истакнуваат дека тоа се добри вести, но не се во согласност со модерните диети во кои...
Пет мита за крајот на поддршката за Виндоус 10 во кои треба да престанете да верувате
Откако „Мајкрософт“ ја укина поддршката за својот оперативен систем многу се пишува онлајн за тоа што ќе се случи и се јавуваат многу заблуди и дезинформации. Во потрагата по одговори на многуте прашања за тоа што ќе се случува сега кога „Мајкрософт“ ја запре поддршката, веројатно сте наишле на куп неточни тврдења и измислици. Издвојуваме преглед на петте најголеми...
Премиера на „Болва в уво“ во Драмскиот театар
Претставата „Болва в уво“ ја имаше својата премиера во Драмскиот театар.
Режисерот Синиша Евтимов во своето обраќање се заблагодари за укажаната доверба во Драмскиот театар да ја режира „Болва в уво“. Најпознатиот текст на францускиот драмски писател Жорж Фејдо напишан во 1907 година, во Драмскиот театар е поставен во 1970-тите години и претставата има 456 изведби.
- Предизвикот беше дотолку поголем...
100 видеа за Свети Николе и Овче Поле
Во чест на празникот на Свети Николај Чудотворец, неформалниот културно уметнички колектив „Аристон“ од Свети Николе најавува нов проект за промоција на Општина Свети Николе и Овчеполскиот регион.
Сите заинтересирани за минатото, сегашноста и потенцијалот за во иднина на градот Свети Николе и плодородното Овчеполие, сега на едно место можат да гледаат стари видеа, исечоци од документарци, прилози, но и...
Акција на МВР: Приведен Бујар Дарлишта и уште десетина лица за економски криминал
Ноќеска во акција на Бирото за јавна безбедност приведени се повеќе лица меѓу кои и Бујар Дарлишта, поранешен директор на Управата за водење матични книги, кадар на ДУИ.
Информацијата во изјава за медиумите ја потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој присуствуваше на промоција на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР - донација на ОКТА.
Претходно, од...







































