Во 2026 година ќе се фокусираме на пополнување на критичните кадровски позиции во судството и обвинителството, вели Филков

Надзорот спроведен од Министерството за правда покажа алармантни податоци: пополнетост на судиски места од 67 проценти (432 од 636) и судска служба со само 36 проценти пополнетост, што директно влијае врз ефикасноста и должината на судските постапки, соопштил министерот за правда Игор Филков на 9-от состанок на Секторската работна група за правда, нагласувајќи дека кадровското зајакнување е предуслов за...

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа

Во политиката постојат партии што се натпреваруваат со идеи и визија и партии што опстануваат преку клевети, лаги и фабрикувани конструкции. СДСМ одамна го избра вториот пат. Апелациониот суд со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа. Со оваа одлука, по потврдената првостепена пресуда, СДСМ и формално е судски...

Сведок од ФЗО во „Онкологија 2“: Се бараа повеќе пари за набавка на терапија поради зголемен број пациенти

Sudenje Onkologija Nino Vasev
Со вкрстено испитување на сведок предложен од обвинителството, кој бил финансиски раководител во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој за незаконско набавување лекови, прикривање преку фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата се обвинети поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино...

Силјановска Давкова ја посети шивалната во КПУ Идризово, порача дека секој има друга шанса во животот

Да не заборавиме дека секој мора да има и друга шанса во животот дури и кога ќе згреши. Работата го буди најдоброто, тоа е вистинскиот модел на ресоцијализација. Цврсто верувам дека во секој од нас има по неколкумина, и дека ова може да биде само една епизода во животот, и дека ни треба друг закон за помилување, закон што...

Кривична за лихварство против двајца кавадарчани

Кривична за лихварство против двајца кавадарчани, поднесе неготинската полиција до Обвинителството, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес. - ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тие во периодот од јуни...

Бензините поевтинуваат за два денара

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС -...

Тошковски: До средината на идната година ќе го имплементираме „Безбеден град“ на територијата на целата држава

Се надевам дека до јуни-јули идната година ќе го имплементираме „Безбеден град“ на целата територија на државата, а сигурен сум дека до крај на 2026 година ќе го имплементираме во секој еден град како паметен систем. Македонските граѓани заслужуваат и во Тетово, и во Скопје, но и во Берово, Делчево, Струга и во Охрид да имплементираме едно паметно решение...

Орце Ѓорѓиевски ќе продолжи да го води ЗЕЛС, негови потпретседатели Горан Герасимовски и Изет Меџити

Во наредните четири години градоначалникот на Град Скопје ​Орце Ѓорѓиевски ќе ја води Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) како претседател. Негови потпретседатели се градоначалниците на општините Центар и на Чаир, Горан Герасимовски и Изет Меџити.  Оваа одлука е донесена на денешната конститутивна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. Градоначалникот на општина Прилеп Дејан Проданоски е избран за претседател...

Четири илјади пушачи годишно умираат, неопходно е ефикасно спроведување на законите

Македонија губи околу 4.000 животи годишно како последица од пушењето тутун или тутунски производи. Според податок од СЗО, 40 проценти од младите на возраст од 14 години веќе пушат. Сеопфатните закони за средини без чад, нивно ефикасно спроведување, достапни услуги за откажување од пушењето, оданочување и строга регулација на сите никотински производи доведуваат до намалување на хоспитализацијата од срцев...

Русија се надева дека Трамп нема да направи „фатална грешка“ со Венецуела

Руското Министерство за надворешни работи денеска изрази надеж дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да направи „фатална грешка“ со Венецуела. -Се надеваме дека администрацијата на Доналд Трамп, која се карактеризира со рационален и прагматичен пристап, нема да направи фатална грешка - соопшти министерството, изразувајќи ја загриженоста на Москва за одлуките на САД за кои Русија вели дека го...