Матичните лекари ќе бидат казнети доколку ги надминат квотите за препишување антибиотици и анксиолитици, вели Клековски
Минатата година го зголемивме нашето вреднување на матичните лекари, сега очекуваме зголемена одговорност од нивна страна. Тоа значи придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување антибиотици и анксиолитици. Имаме само за тие две групи ограничување за препишување, изјави генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Втората мерка која ја планираме, посочи тој, е Е-рецепт, кој...
Дурмиши: Активно работиме на спроведување на реформската агенда
Министерството за економија и труд активно работи на спроведување на реформската агенда и многу брзо ќе стигнеме во целосно исполнување на условите за добивање зелено светло од Европската унија, истакна денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши одговарајќи на прашање на пратеничката Сања Лукаревска.
Според него, пазарниот и трудовиот инспекторат во 2025 година направиле рекорден број контроли, односно за 25 отсто повеќе...
Најмалку 60 проценти покачување на платите за наставниците во четири години, доколку дозволи буџетот ќе има и повеќе, вели Јаневска
Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат наставниците во четири години. Со договорот што Владата го потпша со СОНК се дефинирани покачувањата за секоја од четирите години, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на собраниската седница посветена на пратенички прашања.
Пратеничката Драгана Бојковска постави прашање за платите на наставниците упатено до премиерот Христијан Мицкоски, кој одговорот ѝ го...
Сопственик на сервис лоциран до „Пулс“ сведочеше за реновирањето и пожарот во дискотеката
На денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше, Дејан Николов, сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката. Николов сведочеше за реновирањето на „Пулс“ од неговата перспектива како сосед на објектот, како и за трагичната ноќ кога објектот беше зафатен од пожар.
Тој објасни дека сервисот го работи од 2009 година, а објектот на дискотеката бил изнајмен во летото...
Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити
Народната банка овозможи нова веб-апликација „Споредба на податоците од банките и штедилниците за кредити и депозити за физички лица“, современа дигитална алатка наменета за сите граѓани кои сакаат лесно да ги споредат понудите на банките и штедилниците во земјава врз основа на транспарентни информации.
Како што соопштија од Народната банка, апликацијата овозможува брз и прегледен увид во каматните стапки и...
Клековски: Успешно ја завршуваме годинава, во 2026 година ќе се довршуваат започнатите активности
Успешно ја завршуваме 2025 година, земајќи ги предвид промените и целите кои сакавме да ги постигнеме и дека во 2026 година зголемувањето на буџетот ќе биде 2,5 проценти. Идната 2026 ќе биде година на стабилизација и на довршување на тоа што беше започнато 2025 година, истакна денеска на средба со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо...
Божиновска: АД ЕСМ ги има спроведено набавките по планот, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена
Никој не беше видовит дека земјоделците во Грција ќе штрајкуваат со денови токму сега. АД ЕСМ, кое е под Влада и Министерството за енергетика нема надлежности врз него, си ги има спроведено набавките по планот на набавки, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена, рече министерката Сања Божиновска во одговор на пратеничко прашање за воведената кризна состојба...
Новиот државен јавен обвинител ќе треба да ја вработи довербата во институцијата, порача Мицкоски
Да ја врати довербата во институцијата Јавно обвинителство, да се зафати со темелна и напорна работа, а во иднина и да се позанимава многу подетално и многу повеќе со поднесените преку 100 кривични пријави од институциите што сега стојат во нечии фиоки во Обвинителството, тоа го очекувам од новиот државен јавен обвинител, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на...
Железници за првпат со специјално украсен новогодишен воз и празнично возење
Железници на Македонија информира дека за првпат оваа година се вклучува во празничните случувања во пресрет на новогодишните празници, со воведување на специјално украсен новогодишен воз.
-Празничната магија на шините продолжува! Ве известуваме дека до 30 декември, секој ден на железничката станица во Скопје, Ве очекуваат новогодишни претстави, по чие завршување новогодишниот воз тргнува на празнично патување на релација Скопје...
Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Божиќното обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше „нецивилизирано и полно горчина“, што, како што рече, сугерира дека тој е „ментално нестабилна личност“.
- Видовме извештај за навистина бизарното божиќно обраќање на Зеленски. Тоа е некултурно, огорчено и звучи како донекаде нестабилна личност - изјави Песков за руските медиуми.
Тој додаде дека Кремљ...








































