Купувајте изградени станови, не во изградба, предупредува Николовски
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги предупредува граѓаните да внимаваат при купување на станови односно да купуваат станови кои се веќе изградени, со имотен лист и имаат употребна дозвола, за да не се доведат во ситуација да останат и без стан и без средства доколку инвеститорите немаат пари да го реализираат односно завршат започнатиот објект.
-Сакам да дадам...
Магла на премините Стража-Маврово и Крушево
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража-Маврово и Крушево - информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат“.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како...
За 20 проценти намален е бројот на повредени од сообраќајки со воведување на проектот „Безбеден град“, истакна Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на седницата за пратенички прашања истакна дека досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се многу позитивни и оти за 20 проценти е намален бројот повредени од сообраќајќи.
- Резултатите коишто досега се увидени и тоа како се позитивни. Јас би сакал од оваа говорница да упатам огромна благодарност до македонските граѓани заради тоа...
Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори, истакна Мицкоски
Јавноста да биде спокојна бидејќи се додека е оваа Влада нелегална миграција, легална миграција, миграција како резултат на пропаднати барања за азил, како резултат на некакви си договори нема да има. И тоа се гледа, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците одговарајќи на пратеничко прашање.
Обвинувањата на опозициската СДСМ ги нарече апсолутна лага и конструкција во врска со темата...
Муамет Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање
Муамет Хоџа денес официјално стапи на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што ги презеде надлежностите и одговорностите за раководење со ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата.
На првиот работен ден, Хоџа, како што информират од МЖСПП, одржал работна средба со заменик министерката, Ане Лашкоска, со раководниот тим во...
Цените за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет ќе бидат зголемени, најави Клековски
По повеќе од 10-годишно одложување се одлучивме да ги зголемиме цените за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Специјалистичкиот преглед, според ценовникот на Фондот, појасни тој, досега беше 380 денари и е децениска цена.
- Сега зголемувањето е на 720 денари. Нето ефектот на оваа одлука за здравствените установи...
Владата има внатрешна мобилизација за реализација на Реформската агенда, вели Мицкоски
Имаме внатрешна мобилизација на Владата и институциите, и на седум до десет денови правиме координација во мојот кабинет за да го следиме статусот на секој чекор, потребен за исполнување на Реформската агенда, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
На денешната седница во македонскиот парламент, прашан од пратеничката Драгана Бојковска, за текот и реализацијата на Реформската агенда, претседателот на Владата пососочи дека интензивно...
Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска, вели Мицкоски
Борбата за стандардот и намалувањето на невработените лица на оваа Влада ѝ е еден од главните приоритети. Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции - германска, грчка и турска, со вредност од околу 110 до 120 милиони евра што ќе донесат повеќе од 1.500 нови вработувања, информираше попладнево премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања...
Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања
Три пати ќе биде проширена позитивната листа на лекови во 2026 година, а фокусот ќе биде на лековите за кардиоваскуларни заболувања. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека според нивна проценка, има голема потценетост на кардиоваскуларните заболувања од кои е најголема смртноста.
Во врска со проширувањето на позитивнита листа лекови, Клековски...
Пронајдени 25 тони пиротехника, приведени две лица од кои едно полициски службеник
Во товарно возило со струшки таблички вчера пронајдена е поголема количина пиротехнички средства без никаква документација.
Возачот со иницијали Н.Р. и сопатникот И.Р. кој бил полициски службеник, изјавиле дека пиротехниката е на правно лице од Скопје, а при контролата во магацинот на тоа правни лице пронајдено е уште едно товарно возило со пиротехника.
- Додека, пак, денеска со судска наредба извршен...







































