Американската војска нападна брод во источниот Пацифик, тројца загинати

Американската војска соопшти дека нападнала брод во источниот Пацифик за кој тврди дека бил вмешан во трговија со дрога, при што загинале три лица. Јужната команда на САД (USSOUTHCOM) објави снимки од нападот на својата веб-страница и соопшти дека бродот бил „вклучен во операции за трговија со дрога“. Порано оваа недела, уште три брода биле погодени во Пацификот и Карибите, при...

Силјановска Давкова: Граѓаните не очекуваат извинувања од поранешни европски функционери, туку решенија за деблокирање на евроинтегративниот процес

Претседателката Гордана Силјановска Давкова порача дека македонските граѓани не очекуваат извинувања од поранешни европски функционери за неправдите од минатото, туку конкретни и навремени решенија за деблокирање на евроинтегративниот процес. Обраќајќи се на отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, одржана во нејзиниот кабинет во присуство на претставници од Паневропските унии на Македонија и Австрија, фондацијата „Ото фон Хабсбург“...

Во најскоро време се очекува решение за проблемот со македонските превозници, истакна Николоски

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за „Топ Тема” на ТВ Телма, истакна дека проблемот со македонските превозници поврзан со воведувањето на новиот ЕЕС систем е високо на агендата во Брисел и дека се очекува решение во најскоро време. Тој потенцира дека Владата води интензивна дипломатска активност и директно лобирање во европските институции,...

Познати четвртфиналистите од Купот на ОФМ 2026 кај дамите

Осминафиналните дуели од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција не донесоа поголеми резултатски изненадувања, а интересен податок е дека ланскиот полуфиналист Фит Фан Волеј оваа година настапот го заврши во раната фаза од натпреварувањето. Фит Фан Волеј загуби со 3:0 од Вардар ЕМ во соочување кое беше и најинтересно во оваа рунда. Мечот се играше изедначено, особено во првите...

Трамп на прес конференција ја нарече „длабоко разочарувачка“ одлуката на судот за укинување на царините

Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов држи прес конференција по одлуката на Врховниот суд на САД да ги укине неговите царини, пренесеува МИА. Тој почна со тоа што им кажа на новинарите дека пресудата на Врховниот суд била „длабоко разочарувачка“ и дека се срами од „одредени членови на судот затоа што немаат храброст да го сторат она што е исправно...

Со новиот Закон за високо образование ние ќе го подобруваме квалитетот на образованието, вели Јаневска

Со новиот Закон за високо образование ние ќе го подобруваме квалитетот на образованието, а по неколку години сите ќе се уверат дека овој закон ќе донесе успех, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната јавната дебата посветена на новото законско решение што се одржа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, пренесува МИА. Во изјава за медиумите,...

Лондон очекува да ја задржи „привилегираната трговска позиција“ со САД по укинувањето на царините на Трамп

Министрите очекуваат „привилегираната трговска позиција на Обединетото Кралство со САД“ да продолжи откако царините на американскиот претседател Доналд Трамп беа поништени од Врховниот суд на земјата, пренесува МИА. „Реципрочните тарифи“ на Трамп, воведени на поголемиот дел од светот минатиот април според законот за вонредни овластувања, денеска беа поништени од Врховниот суд на САД. Велика Британија ја доби најниската царинска стапка од...

Перински во Унгарија: Фокус на регионалниот развој и пристапот до европските фондови

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на унгарскиот министер за регионален развој и јавна администрација, Тибор Наврачич, реализираше еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји. Во центарот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршката за вклучување на Македонија во нови европски...

За Трамп одлуката на Врховниот суд за поништувањето на царините е срамна

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како „срамна“ одлуката на Врховниот суд на САД со која беа поништени неговите царини, објави Би-би-си. Според британскиот медиум, Трамп ваквата оценка ја изнел за време на состанок со гувернерите на сојузните држави рано утрово, повикувајќи се на извор запознаен со разговорот. Засега нема официјално соопштение од претседателот ниту од Белата куќа. Врховниот суд денеска...

Македонска алијанса за европска интеграција: Македонскиот јазик е богатство на културата и идентитетот на македонската заедница во Албанија

Во пресрет на 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, единствената партија на Македонците во Албанија, порачува дека „македонскиот јазик е богатство на културата и идентитетот на македонската заедница во Албанија", пренесува МИА. Честитајќи го денот додава дека преземајќи активности за заштита на мајчините јазици, можеме да обезбедиме секоја култура да не го изгуби...