Изложба на алтернативна фотографија во „Мала станица“
Фестивалот „Зрно“ низ годините ја донесе долгоочекуваната свежина во зачмаениот македонски фотографски простор и ја разбуди и поттикна светската и домашната фотографска сцена
Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје, отворена e изложбата на алтернативни фотографии со дела од меѓународен јавен повик, избрани од стручно осумчлено меѓународно жири.
- Храбри, аналогни и често невообичаени модерни дела какви што на македонската публика...
Бизнис форум: Економската соработка меѓу Македонија и Италија е на високо ниво, но потенцијалот се уште не е доволно искористен
Економската соработка меѓу Македонија и Италија е на високо ниво, но потенцијалот се уште не е доволно искористен, посебно во делот на енергетската транзиција, циркуларната економија, инфраструктурата, поврзувањето и технолошките иновации. Компаниите од двете земји треба да ги интензивираат директните контакти и заеднички да придонесат за јакнење на долготрајните деловни врски, порачаа учесниците на денешниот бизнис форум во Скопје.
Форумот...
Македонско културно лето во Пустец, Мала Преспа
Под традиционалното мото „Убавините почнуваат на М“, вчера во Пустец, Мала Преспа, започна „Македонско културно лето“, фестивал што ги промовира и слави македонската култура и фолклор пред Македонците од овој дел на Албанија.
Свеченото отворање на оваа значајна манифестација не само за Македонците што живеат во Албанија туку и за сите Македонци, каде и да се, се одржа во центарот...
Сентиментот на носталгичното ехо
РЕЦЕНЗИЈА
Имам делумно познавање за бразилската и мексиканската, а нешто повеќе за аргентинската, но не и за перуанската кинематографија.
Но, добро, како и да е, ја запознавме Клаудија Рајнике, солидно режисерско име, со одличниот филм „Кралици“ (2024), кој пожнеа значаен успех на филмските фестивали.
Да започнеме со ред.
На фестивалот во Берлин беше наградена од жирито и публиката за најдобар филм, сличен рецепт...
Спортски вести
ОДБОЈКА
Ристовски и Наковски со тренерски сертификат од семинарот на ФИВБ ниво три
Двајца македонски тренери, Жарко Ристоски и Хари Наковски ги надградија своите тренерски биографии со сертфикати од тренерскиот семинар на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) ниво три, кој викендов се одржа во Подгорица (Црна Гора), објави Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).
Ристоски и Наковски беа македонски претставници на семинарот на кој...
Драмски со претставата „Кармен“ на театарски фестивал во Молдавија
Со монодрамата „Кармен“, Драмскиот театар од Скопје учествуваше на 13. Меѓународен фестивал на камерни театри и малите театарски форми во Кишинев, Молдавија.
Фестивалот се одржува на сцената на Државниот младински театар во Кишинев со учество на театри од тринаесет земји, меѓу кои: Германија, Канада, Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја, Израел, Македонија, Романија, Турција, Косово, Киргистан, Азербејџан, Казахстан и домаќинот Молдавија.
Драмскиот...
Датуми за паметење во јули
Македонскиот народ и држава имаат богата вековна традиција и голем број крупни настани, кои се трајно врежани во колективната национална меморија на македонскиот народ и со кои се потврдуваат и отсликуваат посебноста на македонскиот народ и неговиот вековен идентитет. За да се освежат сеќавањата на некои од нив, ја воведовме рубриката Датуми за паметење, преку која секој месец издвојуваме...
Академик Старделов: Човекот што со преводите на делата на Аристотел и на Хомер го воздигна македонскиот јазик како светски јазик
Повод: 114 години од раѓањето на академик Михаил Д. Петрушевски
Денеска се навршуваат 114 години од раѓањето на академик Михаил Д. Петрушевски, научник што останува запаметен во македонското национално помнење како еден од најистакнатите членови на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Тој е еден од првите втемелувачи на МАНУ и на високото образование во Македонија. Има објавено повеќе...
Промоција на книгата „Практикум за превентивна борба против корупцијата во правосудството и администрацијата“ на Зоран Петковиќ-Бакли
„Практикум за превентивна борба против корупцијата во правосудството и администрацијата“ на Зоран Петковиќ-Бакли ќе ја има својата промоција денеска, во 12 часот, во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје.
Промотори на книгата се: Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК, проф. Иван Бабановски, проф. д-р Миодраг Лабовиќ и доцент д-р Алексеј Сопронов.
- Општопознат факт е дека корупцијата е негативна и штетна појава...
Кои се улогата и надлежностите на Венецијанската комисија
Венецијанската комисија е тело на Советот на Европа составено од независни експерти од областа на уставното право. Била создадена во 1990 година, по падот на Берлинскиот ѕид, во време на итна потреба за уставна помош во Средна и Источна Европа. Официјалното име на комисијата е Европска комисија за демократија преку правото, но бидејќи состаноците се одржуваат во Венеција, Италија,...









































