Илон Маск формира нова политичка партија во САД

Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција. - Со оглед на соодносот 2 спрема 1 во корист на нова политичка партија, ќе имате една! - објави Маск на Икс, додавајќи оти партијата треба „ја врати...

Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе

Teksas poplavi
Бројот на загинати луѓе во поплавите, што ја погодија американската сојузна држава Тексас на 4 јули, се искачи на 51, а десет лица се водат за исчезнати. Во округот Кар потврдена е смрт на 43 луѓе од кои 15 се деца, кои посетувале христијански летен камп за девојчиња на брегот на реката Гвадалупе. Поплавите беа предизвикани од ненадејна бура што предизвика...

Владините препораки за заштита од топлото време ќе траат до вторник

Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а освежување се очекува од средината на следната седмица. Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. За попладневните и вечерните часови денеска УХМР прогнозира локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и...

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе отпатува за Катар. Претходно, Израел соопшти дека подготвува одговор откако Хамас изрази подготвеност да преговара за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Хамас синоќа потврди дека е подготвен да...

Инвестираме 40 милиони евра за граѓаните да останат и напредуваат дома, порача Дурмиши од Струга

Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување денеска во Струга одржаа јавната презентација на Оперативниот план за вработување 2025. Настанот, како што информираат од минисерството, привлекол голем интерес кај граѓаните, бизнисите и локалните институции, а главниот фокус бил ставен на мерките што директно ја засилуваат вработеноста и ја стимулираат економијата. На презентацијата присуствувал и министерот за економија и...

Во молк и без официјално обраќање помина денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани

Во молк и без официјално обраќање помина денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани, што го организираше граѓанското здружение „16 март 2025 – Кочани“. Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ рекоа дека решиле да молчат додека не добијат одговор на нивните барања до Владата и до Обвинителството за финансиска и инстутционална помош, како и за аудио и видео снимање на...

Почина писателот Цане Андреевски

Во 95-тата година од животот денеска во Скопје почина писателот Цане Андреевски. Роден е 1930 година во Кратово каде што завршил основно училиште, а во Скопје завршил  Учителска школа и Филозофски факултет. Како помлад новинар учествувал во уредување на списанија за деца и на весникот „Млад борец“, но најголемиот дел од својот работен век, сè до пензионирањето, го поминал во...

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

Три тони кокаин, кои на пазарот достигнуваат вредност од 90 милиони долари, се запленети во Еквадор, кои, според тамошните власти ѝ припаѓаат на албанската мафија, која е поврзана со колумбиските и мексиканските нарко-картели. Како што јавија албанските медиуми, дрогата била откриена пред два дена на фарма во југозападниот град Гвајакил. Кокаинот бил скриен во камион полн со пакети со банани,...

Расте македонскиот извоз, повеќе пари за граѓаните, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски порачува дека растот на извозот во мај годинава е одлична вест за македонската економија и ќе значи повеќе пари за македонските граѓани. - Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44 проценти во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува...

Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега

Обвинителството поднело жалба за определената мерка куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега. Основното јавно обвинителство Скопје вчера отвори истражна постапка против возачот на мотоцикл кој се сомничи за „тешки дела против безбедноста на луѓето...