Фото: Кирил Пецаков/Фејсбук

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Во женска конкуренција најдобра беше аргентинката Мајте Ајлен Пука, која замислената целна линија ја мина по 5:20:44 часа минати во водите на Охридското  Езеро.

Окипинти и Пука триумфираа и на маратонот одржан минатата година.

Најдобар македонски претставник денеска беше младиот Петар Цеков кој до целта доплива како третопласиран, со резултат  5:07:26 часа.

Цеков по маратонот изјави дека трката била тешка, дека се чувствува малку изморен, но и задоволен од резултатот.

– Имав одреден пропуст во трката, не ги видов конкурентите додека ме препливаа од десната страна…За мене ова е остварување на сон. Следна цел ми е да се сконцентрирам на олимписката дисциплина на десет километри, како и за престојниот маратон во Хрватска, рече Цеков без да ги крие своите амбиции за нови успеси.

На целта на Кејот „Македонија“ во Охрид пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, која како главен покровител на маратонот победниците ги овенча со ловорови венци.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории. МИА