Расте македонскиот извоз, повеќе пари за граѓаните, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски порачува дека растот на извозот во мај годинава е одлична вест за македонската економија и ќе значи повеќе пари за македонските граѓани. - Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44 проценти во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува...

Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега

Обвинителството поднело жалба за определената мерка куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега. Основното јавно обвинителство Скопје вчера отвори истражна постапка против возачот на мотоцикл кој се сомничи за „тешки дела против безбедноста на луѓето...

Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45

Минатата година просечната откупна цена на доматот беше под 25 денари, а сега е 45. Само од струмичкиот регион се извезени над 13 000 тони од што се инкасирани околу 10 милиони евра. Цената на пролетната зелка не падна под 35 денари и во просек изнесува 43 денари, а од извоз се реализирани над 30 милиони евра. Министерот за земјоделство,...

Заврши рехабилитацијата на Пониква за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Првата група од 45 повредени лица во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани ја заврши рехабилитацијата во одморалиштето на МВР на планинскиот центар Пониква. На почетокот на идната недела ќе пристигне нова група која овде ќе добива двонеделна медицинска нега и физикална терапија, а ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои веќе им завршило лекувањето. -Во тек е...

Лишен од слобода „бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Седумдесет и шест годишен беровчанец во СВР Штип пријавил дека бил измамен од 54 годишен бајач, од село Трубарево. - Според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе...

Голем шумски пожар во Калифорнија, гувернерот Њусом вината ја префрла на Трамп и го обвини за некомпетентност

Повеќе од 600 пожарникари се борат со големиот шумски пожар во Калифорнија, во кој во изминатите два дена се опожарени повеќе од 28.300 хектари, додека американскиот претседател Доналд Трамп ги намалува буџетите на агенциите за управување со катастрофи. Пожарот избувна во руралниот централен округ Сан Луис Обиспо во средата. Десетици станбени објекти се загрозени од пламенот, а властите наредија евакуација...

Прилепските археолози откриваат римска бања која пред две илјади години функционирала како модерен спа-центар

Римска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот Долиште кај Прилеп. Бањата со сите погодности на модерен спа-центар е дел од сѐ уште непознатиот град меѓу прилепските села Волково и Прилепец, но ги открива социокултурните одлики на нашите предци. -На овој објект работиме вторпат. Тоа е бања од римскиот период, датира  од преминот на старата во ...

Превентивни активности на МВР на Дојранското езеро

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ во рамки на спроведувањето на континуирани превентивни активности од различни области, денеска, заедно со полициски службеници од Полициската станица за ГП и ГН Стар Дојран со глисер направија обиколка долж Дојранското езеро при што на туристите, посетителите и локалното население им беа давани совети како да се постапува при екстремно...

Осум пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава до 13 часот

Осум пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава до 13 часот, од кои половината се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во...

Израел го разгледува одговорот на Хамас за примирје

Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе. Израелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на официјални претставници, објави дека Хамас, во принцип, се согласил на примирје и им пренел „позитивен одговор“ на медијаторите. Деталите од одговорот сега се испитуваат....