Јужнокорејското обвинителство бара апсење на поранешниот претседател Јун
Специјалното обвинителство на Јужна Кореја денеска поднесе барање за апсење на поранешниот претседател Јун Сук-јеол под обвинение за бунт.
- Барањето за притвор е поврзано со наводи за злоупотреба на службена должност и попречување на правдата - се наведува во соопштението на Специјалното обвинителство, кое ги истражува настаните од 3 декември минатата година.
Јун на 3 декември, за време на жесток...
Со даночни олеснувања и детски додатоци до зголемување на природниот прираст и склучени бракови, најави Мицкоски
Глобални мерки за справување со „белата чума“
Справувањето со „белата чума“ е глобален феномен кој не ја одминува ниту Македонија. Проблемот со демографската рецесија, за разлика од други земји каде е тренд, кај нас го вклучи алармот - рече премиерот Христијан Мицкоски и нагласи дека Владата креира политики за справување со него. Во тој контекст, тој наведе дека сериозно се...
Поподготвени сме за справување со пожари од порано, истакна Мицкоски
Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, при промовирањето на прва републичка противпожарна, при што беа презентирани 38 пренаменети армиски и полициски возила, за гаснење на пожари. Настанот се одржа во Кампот за обука Пепелиште.
Мицкоски, изрази благодарност на општествено одговорните компании кои, како што рече, помогнале за ова што денеска го гледаме...
ДЗС доби 50 армиски и полициски возила пренаменети за гаснење на шумски пожари
Дирекција за заштита и спасување добива прва републичка пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Станува збор за армиски и полициски возила кои се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување, а на барање на општините за...
Се одржаа шестите по ред „Кавадаречки фолклорни средби“
Со завршната трета вечер како круна на фестивалот синоќа заврши шестото по ред издание на Меѓународниот фолклорен фестивал насловен како „Кавадаречки фолклорни средби“. Заеднички именител на сите три фестивалски вечери беше прекрасниот фолклор на сите анасмбли кои учествуваа, бројната и задовона публика која уживаше во комплетниот сценски настап кој се одвиваше на градскиот плоштад во Кавадарци. Организатори на фестивалот...
Ајатолахот Хамнеи првпат се појави во јавност од примирјето со Израел
Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи вчера првпат се појави во јавност од примирјето со Израел постигнато на 24 јуни. Тој учествуваше на верска церемонија во Техеран.
Според снимките објавени на иранската државна телевизија Хамнеи ги поздравуваше верниците во џамијата имам Хомеини, кои ја одбележуваа годишнината од мачеништво на имамот Хусеин, важен датум за шиитските муслимани.
Верниците скандираа „Крвта од нашите...
Данска се залага за укинување на правото на глас на Унгарија во рамките на ЕУ
Данска сака Европа да го искористи целиот свој правен арсенал против Унгарија за кршење на основните права на Алијансата, вклучително и користење на таканаречената „нуклеарна опција“ од членот 7 против Будимпешта.
- Сè уште гледаме кршење на фундаменталните вредности. Затоа ќе ја продолжиме постапката според членот 7 и ќе го продолжиме сослушувањето на Унгарија - изјави данската министерка за европски...
На НАТО му требаат повеќе муниција и воена опрема: БиХ ги нуди своите капацитети
Земјите од Западен Балкан сега имаат можност да станат важен партнер на кој се потпира НАТО откако лидерите на земјите членки на Алијансата ја потврдија својата подготвеност за поголеми трошоци за одбрана на самитот во Хаг, вклучително и набавка на големи количества муниција и друга воена опрема произведена од фабриките во регионот. Ова го потврди заменик-генералната секретарка на НАТО,...
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека до 8 часот на територијата на државава се евидентирани три активни пожари.
Како што објави ЦУК, активен е пожарот во прилепското село Бешиште каде што гори приземна квалитетна мешана шума.
Во село Црешнево, месност Церо Поле, во општина Македонски Брод, активен е пожар во деградирана дабова шума и грмушки.
Не е изгаснат и пожарот...
Денес и утре во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
Во Рио де Жанеиро денеска и утре се одржува 17 Самит на БРИКС, на кој ќе учествуваат претседатели и премиер на земји-членки и на земји-партнетри.
На Самитот ќе се разговара за: поефикасен систем на плаќање на БРИКС за зголемување на трговијата и инвестициите; инклузивно и етичко управување со вештачката интелигенција (ВИ); климатска агенда за рекалибрирање на политиката на финансирање на...









































