Трамп испрати писма за царински мерки до шест земји
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска испрати нова серија писма до група од шест земји, информирајќи ги за дополнителните царини што ќе бидат применети на нивните производи кои влегуваат во САД.
Писмата беа испратени до Алжир, Султанат Брунеи, Ирак, Либија, Молдавија и Филипини.
Се очекува алжирските, либиските и ирачките производи да бидат оданочени со околу 30 отсто, од Молдавија и Брунеи со...
За дел од пожарите имаме основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор, истакна Тошковски
Многу тежок ден во справување со пожарите. Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер, но за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти, изјави министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по седницата на владиниот Кризен штаб.
Од околу 20...
Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате, и порача Вајц на бугарската новинарка
Треба да се информирате, малку да промислите за тоа што го зборувате и да ги прочитате правилата - одговори известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната прес-конференција, на забелешките на бугарска новинарска дека неговиот кредибилитет како известувач е доведен во прашање поради наводните сомнежи дека се среќавал со македонски претставници и бил предмет на лобирање.
Вајц нагласи...
Орбан: Зеленски е комичар кој глуми претседател
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „комичар“, велејќи дека тој претставува нов вид „политичар-инфлуенсер, актер или комичар“.
Во интервју за Јутјуб каналот „Патриота“, Орбан рече дека претходното искуство на Зеленски во комедијата и глумата „не му помогнало во она што сега мора да го прави, особено не среде војна“.
Унгарскиот лидер рече дека Зеленски „глуми претседател“,...
Пожарот кај Дојран се прошири и на грчка територија
Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран, активен веќе трет ден, ја помина границата и за прошири и на грчка страна, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни сили на Грција - јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираат од противпожарната служба на Грција, пожарот е во регионот на Дојранското езеро кај Килкис (Кукуш), а се гасне со 60...
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата и грчки канадери
На територијата на државата до 18 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции, а по барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај село Николиќ,...
Затворен дел од скопската обиколница поради пожарите, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
Поради разгорување на пожарите, од 17 часот затворена е за сообраќај скопската обиколница од клучка Арачиново до клучка Приштина - информира АМСМ.
Од 17.20ч затворен е сообраќајот и од клучка Радишани кон Тетово и обратно од клучка Орман до клучка Мирковци.
Сообраќајот од Скопје кон ГП Блаце, пак, кој беше целосно во прекин, од 17.20 е пуштен за патнички возила, но...
Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран
Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата - јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери...
Кризен штаб во Владата поради пожарите
Во Владата вечерва ќе заседава кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава. Со кризниот штаб ќе претседатева премиерот Христијан Мицкоски, кој како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, заради состојбата со пожарите, нема да присуствува на партиската трибина во Куманово, закажана во 19:30 часот.
Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата...
Мицкоски: Нема да дозволиме ново предавство, нема ништо поважно од македонските интереси
Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите, на Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина, рече денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција од партиското...








































