Наши уметници ќе прават фоторепортажа за „2001: одисеја во вселената“
Во Филмскиот музеј во Франкфурт е отворена ретроспективната изложба „2001: одисеја во вселената - 50 години“, во чест на култниот филм на Стенли Кјубрик од 1968 година. На отворањето на изложбата присуствуваа и режисерот Јане Алтипармаков и фотографката Наташа Гелева.
- По официјалната покана на извршниот продуцент на Стенли Кјубрик, Јан Харлан, ја имаме честа да присуствуваме на свеченото отворање...
Современи хрватски автори на изложба во Куманово
Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово е отворена изложбата на дела од 23 современи ликовни уметници од Хрватска насловена - ликовен круг „Похижек“. Изложбата се реализира во организација и соработка на домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје, Заедницата на Хрватите на Р. Македонија и центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
- Станува...
Опожарено „БМВ“ во Скопје
Патничко моторно возило „БМВ“ е опожарено ноќеска околу 03:00 часот на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје.
Возилото, како што е наведено во полицискиот билтен, е со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Н. од Скопје.
Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа, а опожарен е предниот дел на возилото. Увидот е во тек.
Коѕијас: Лесно е да не правиш ништо, но животот нуди скапи решенија
Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, по двочасованата средба во МНР, на прес-конференција ја информираа јавноста за најновата ситуација во преговорите за прашањето за името.
- Се радувам на посетата на северната пријателска земја. Ги задржав ветувањата дека кога ќе се смени името на аеродромот ќе дојдам во посета, за да ја...
Премиера на „Кралските копилиња“ во Велешкиот театар
По повод 27 март, Светскиот ден на театарот, театарот „Јордан Х.К.-Џинот“ од Велес премиерно ќе ја изведе својата најнова театарска продукција „Кралските копилиња“, авторски проект на Сашо Димоски. Станува збор за праизведба на современиот драмски текст „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски, кој во својата жанровска дефиниција е театар на телото во епски слики, работен според посттројанскиот митски циклус сместен...
Монети од археолошкиот локалитет Вардарски рид ќе бидат изложени во Сежана
Збратимените општини Гевгелија и Сежана, од Република Словенија, го постигнаа првиот договор за унапредување на меѓусебната културна соработка, откако гостите од Словенија беа воодушевени од разгледувањето на археолошката поставка во Народниот музеј во Гевгелија.
- Гостите пројавија посебен интерес за нумизматичката збирка на монети од античка Гортинија, односно археолошкиот локалитет Вардарски рид. Збирката е составена од 1.000 монети пронајдени во...
Адам Загајевски: Некои тврдат дека мојата поезија им помага да живеат
Мојот егзил е индивидуален и не е типичен - јас никогаш не сум бил сиромав, ниту гладен! Во 1992-та заминав во Париз, кога во Полска навистина беше многу тешко. Но не заминав да бидам дисидент, туку поради тоа што се вљубив. Мојот случај како дисидент не беше сериозен, ако не се има предвид дека љубовта и онака е доволно...
Најмалку шест жртви во експлозија во чешка фабрика
Најмалку шест луѓе загинаа во експлозија во фабрика за хемиски производи во Чешка. Портпаролката на противпожарната служба Владимара Керекова изјави дека има и повредени, но не прецизира колкав број.
Експлозијата одекнала во фабриката за хемикалии „Синтос“, северно од Прага. Причината за експлозијата засега не е соопштена.
Младите Европејци се помалку религиозни
Најголем дел млади во 12 држави во Европа не се религиозни и ретко одат во црква, што е доказ за тренд на постепено свртување кон постхристијанско општество, покажува истражување објавено во „Гардијан“.
Истражувањето е спроведено кај млади од 16 до 29 години во 21 европска држава и укажува дека најмалку религиозни се во Чешка, каде што 91 отсто испитаници од...
Маж починал откако со камион излетал од патот Плачковица – Штип
Шеесет и петгодишен жител од село Таринци вчера загинал откако со товарно возило излетал од патот Плачковица - Штип и удрил во дрво.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 14:10 часот на регионалниот пат Плачковица - Штип пред крстосницата за село Козјак, Д.В.(65) од село Таринци - општина Карабинци, управувајќи товарно моторно возило „Застава 621“ со штипски...







































