Над 120 убојни средства собрани во западниот дел од земјава

Во текот на изминатите 12 месеци, во југозападниот дел од земјава беа собрани над 120 убојни и минско-експлозивни средства, кои ќе бидат уништени во акцијата што ќе се организира во втората половина на месец април или првата половина од месец мај, на воениот полигон Криволак. -Во текот на изминатата календарска година, поточно за една година, во југозападниот дел од земјава...

Уште многу реформи пред правосудството

Неопходно е натамошно јакнење на независноста на судството, вклучувајќи ги и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, преку транспарентност во одлуките за именување и унапредување судии и јавни обвинители, е еден од заклучоците од извештајот во сенка за поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права, што се однесува на периодот од мај 2016 до...

Ѕанакопулос: Потребна е промена на уставното име за да се постигне договор

Промена на уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, изјави портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката ТВ Алфа. - Што правиш кога треба да решиш еден билатерален проблем? Се договараш за еден правно обврзувачки текст што ги опишува обврските на двете страни. Односно, грчката страна ќе...

Се разгорува медиумската битка за Балканот

Светските суперсили изминатиов период директно, преку своите медиуми, се обидуваат да ги пренесат своите политички пораки во регионот, но и на свој начин да ги претстават глобалните случувања на балканскиот медиумски пазар, кој има над 40 милиони луѓе лоцирани во десетина земји Светските медиумски гиганти сѐ почесто отвораат или ги обновуваат своите локални сервиси на Балканот. Причината за тоа, велат...

Дали 17 април е новиот ден Д

Враќањето на опозицијата во парламентот е важно за Владата заради гласањето на законите од планот 3-6-9, за кои е потребно двотретинско мнозинство. Имено, и покрај тримесечниот бојкот од страна на опозицијата на работата на Собранието, според премиерот Заев, меѓупартиските работни групи работеле и имаат усогласено голем дел од законските решенија, а некои се и целосно усогласени. За кои законски...

Тужбите за случајот со децата кои останаа слепи ја блокираа сметката на ГАК

Тужбените барања од родителите на деца родени на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во 2008 година, кои останале слепи откако подоцна им била дијагностицирана ретинопатија, ја блокираа сметката на клиниката.  Гинекологијата, наводно, не може да ги подмирува редовните обрски поради долгот од 410 илјади евра. Во тек е кампањата на ГАК за собирање на донации под слоганот „Сите ние пријатели...

„Рокет Лаб“ овој месец ќе ја лансира првата комерцијална ракета

Американската вселенска компанија Рокет Лаб објави денеска дека овој месец ќе ја лансира првата комерцијална ракета долга 17 метри од лансирна станица на новозеландскиот Северен остров. Погонот на полуостровот Махиа на Нов Зеланд е првата приватна лансирна постројка. Ракетата ќе биде лансирана на 20 април или било кој ден потоа, во следните две недели, се наведува во соопштението на компанијата. -...

Не постои унапреден НАТО-статус

Домашната јавност е децидна и едногласна дека не постои каков било друг посебен статус во НАТО, освен земја-членка на Алијансата и земја-аспирант, по пишувањата дека Македонија може да добие некаков друг статус Унапреден/надграден, специјален НАТО-статус на претстојниот самит на Алијансата е новата алтернатива и модификација (што личи на условената препорака на ЕУ од минатата година), која би можела земјава да...

Ефикасна дипломатија преку афирмирање на македонскиот јазик во светот

Улогата на македонскиот јазик во создавањето и зачувувањето на македонската нација и држава е неоспорна и клучна. За жал, процесот на глобализација, која сѐ поинтензивно се насочува за да „работи“ на страната на поголемите и посилните, наметнува сѐ пожестоки меѓународни политички, економско-социјални, па и културни предизвици. Таквиот удар на глобализацијата вклучува и потиснување на малите светски јазици, вклучувајќи го...