Меси го изедначи рекордот на Роналдињо

Најдобриот стрелец на Барселона, Лионел Меси го изедначи рекордот со Бразилецот Роналдињо, откако синоќа постигна гол во победата од 3:1 против Леганес дома, и тој беше шести за него од директен слободен удар во една сезона. Ова го постигна Роналдињо со тимот на Каталонците во сезоната 2006/07.  Ниту еден друг фудбалер не реализирал повеќе голови од фаули во првенството.  Меси има...

Вицепремиерот Османи со честитка по повод Велигден

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со видео порака денеска на православните христијани им го честита празникот Велигден.   Честитајќи им го Велигден на, како што наведува вицепремиерот, православните Македонци и Албанци и сите други што го слават, во духот на заедништвото ги посакува вредностите на солидарност, на добрина и на надеж, кои овој ден ги симболизира. Видеопораката е снимена пред Бигорскиот манастир...

Непознати причините за вчерашниот напад во Германија

Германското обвинителство нема информации зошто 48-годишниот маж прегази луѓе со комбе во западниот германски град Минстер. Човекот, вчера уби две лица и повреди 20, потоа се застрелал во возилото. - Засега немаме индиции за причините за делото - изјави обвинителот Мартин Боценхарт во заедничка писмена изјава со полицијата. Властите ги идентификуваа двете жртви како 51-годишна жена и 65-годишен маж. Според локалните медиуми, сторителот...

Русија тврди дека сирискиот режим не користел хемиско оружје во Гута

Русија соопшти денеска дека сирискиот режим не користел хемиско оружје во нападите врз бунтовниците во источна Гута, спротивно на она што го претпоставуваат САД. - Решително ја отфрламе таквата информација - рече генералот Јуриј Јевтушенко, шеф на Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија. САД денеска го осудија можниот хемиски напад на сириските сили во источна Гута, последното бунтовничко...

Евакуирани 26.000 Германци заради бомба од Втората светска војна

Над 26.000 луѓе се евакуирани утрово заради отстранување на 1,8 тони тешка бомба останата од Втората светска војна, пронајдена во парк во Падерборн, на западот на Германија. Заради деактивација на бомбата, властите наредија евакуација во радиус од 1,5 километри. Од тие причини морале да бидат евакуирани пациентите во две болници, како и штитеници во неколку домови за стари лица, универзитетска...

Земјотрес го погоди северозападот на Турција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран нешто по полноќ во северозападниот дел на Турција, соопшти Европско-средоземноморскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот бил на околу 15 километри северно од градот Болу и на 147 километри северозападно од Анкара, на длабочина од два километра. Нема информации за евентуални повредени и причинета материјална штета. 

Тројца убиени во оружен инцидент во САД

Три лица се убиени во приватен автобус за забава во Рокфорд, во американската сојузна држава Илиноис, соопшти локалната полиција. Напаѓачот сè уште не е уапсен, но полицијата соопшти дека се трага по 22-годишниот Рахим Кинг од Рокфорд, јави локалниот весник „Рокфорд реџистер стар“. Осомничениот ги убил жртвите со автоматска пушка. Засега не е познато колку луѓе имало во автобусот, а очевидци изјавиле...

Еден загинат во пожар во Трамп кулата во Њујорк

Еден загинат и четворица повредени е билансот на пожарот во стан на 50-от кат на кулата Трамп во Њујорк. Според полицијата, жртвата е 67-годишен маж, кој бил пронајден синоќа во бесознание во станот што горел, и подоцна починал во болница. Во гаснењето на пожарот учествувале околу 200 пожарникари. - Огнот беше многу тежок, станот беше на 50-тиот кат, а во останатиот дел...

Унгарците гласаат за нов парламентарен состав

Парламентарни избори се одржуваат денеска во Унгарија, на кои право на глас имаат околу 8,3 милиони избирачи. Унгарците треба да ги изберат 199-те членови во унгарскиот Парламент. Од вкупниот број пратеници, 106 ќе бидат избрани според мнозинскиот модел, а 93 според пропорционалниот. Според последните анкети на јавното мислење, спроведени во пресрет на парламентарните избори, се очекува коалицијата на конзервативната полулистичка партија Фидес...

Ексклузивна фотогалерија: Благодатниот оган пристигна во Скопје

" order_by="sortorder" order_direction="ASC" returns="included" maximum_entity_count="500"] Црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, на скопскиот аеродром го презеде Благодатниот оган, што со авион во земјава пристигна од Ерусалим, преку Софија. Благодатниот оган од Софија го донесе владиката Иларион од Брегалничката епархија. Оганот, што се носи во фенер, од скопскиот аеродром ќе биде пренесен во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје,...