Турски авиони нападнаа курдски позиции во северен Ирак

Турските воздухопловни сили извршиле воздушна операција врз местата Харкукм Синат-Хафтанин, Зап и Метина кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак, при што се уништени 12 позиции на терористичката организација Курдска работничка партија (ПКК), јави агенцијата Анадолија. Според соопштението на Турската војска, акцијата била извршена со цел да се спречат напади на ПКК врз турските трупи во местата Харкук, Синат-Хафтанин,...

Дел од македонските политичари на воскресна литургија во Соборниот храм

По повод Воскресение Христово - Велигден денеска во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ се одржа воскресна литургија со која богослужеше Архиепископот охридски и македонски г.г Стефан. На литургијата присуствуваше шефот на државата Ѓорге Иванов, кој до верниците упати честитки со желби за многу здравје, радост и среќа. - Поскаувам во животот да ги следи многу добрина, убавина и правдина. Празниците се за...

Пацоли: Никогаш нема да разговараме за размена на територии со Србија

Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли изјави дека Приштина никогаш нема да разговара со Белград за можна размена на територии. - Косово не (разговарало), ниту некогаш ќе разговара со Србија за размена на територии или за идеи за поделба кои остануваат во мислите на политичарите во Белград од 90-тите години - напиша Пацоли на Твитер. Тој ги повика политичарите, како што...

Мицкоски: Очекувам во среда на оваа Влада да и биде изгласана недоверба

ВМРО-ДПМНЕ денеска достави до Собранието интерпелација за Владата на премиерот Зоран Заев, а лидерот на партијата Христијан Мицкоски изјави дека очекува расправата, односно гласањето за доверба да се случи во среда и таа да биде изгласана. - Се надевам дека среда ќе биде денот кога ние ќе можеме да ги аргументираме нашите позиции. Така е и според Деловникот во Собранието....

Марихуана откриена во патнички автобус

На автопатот Скопје-село Миладиновци во патнички автобус билo пронајдена ќесe со марихуана. Како што соопшти МВР, вчера во 11.35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-село Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици, кој сообраќал на релација Скопје-Дортмунд, била пронајдена една најлонска ќеса оставена внатре во автобусот. Никој од патниците не се јавил како...

Кривична за разбојникот што ограби аптека во центарот на Скопје

Секторот за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицето М.Ч (39) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 25.000 денари. Според МВР, пријавениот кривичното дело го извршил на 26-ти минатиот месец, околу 18:55 часот, во аптека лоцирана на булеварот Кочо...

Драчевец каснат од кучиња-скитници

Четириесет и шестгодишениот С.С. вчера попладне бил нападнат од кучиња-скитници на улицата Бранко Заревски во скопската населба Драчево. Вечерта во 19,20 часот од страна на Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Полициската станица Драчево било пријавено дека кај нив се јавил на преглед С.С.(46) кој пријавил дека истиот ден околу 13,50 часот на улицата “Бранко Заревски“ бил нападнат од...

Малолетник прободен со нож во Ѓорче Петров

Малолетник бил повреден откако синоќа околу 22:30 часот бил пресретнат и нападнат со нож на улицата Ангел Винички во Ѓорче Петров. Според полицијата, додека Е.С. (17) се движел по улицата “Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица. Едното од нив извадило нож и го прободело во пределот на левата надколеница. Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми...

Син ја претепал мајка си, па на полицајци им се заканувал со бомба

Дваесет и едногодишен жител на селото Сенокос ја удрил својата мајка и и нанел повреда. Како што информираше полицијата, на 07.04.2018 година во 14,00 часот во Полициското одделение Галате, Х.А. (45) од с.Сенокос пријавила дека од страна на нејзиниот син А.А. (21) и била нанесена повреда.  Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и во дворот од...

Дескоска: Целта ми е политиката да излезе од образованието

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска вели дека политиката треба да излезе од образованието и дека се обидува да ја афирмира  автономијата на Универзитетот.  - Основната цел која ме води мене во ова министерство е дека политиката треба да излезе од образованието. Јас како дел од образовниот систем пред да дојдам на оваа функција, секојдневно ние го чувствувавме политичкиот притисок на Универзитетот....