Тепачка пред угостителски објект во Центар

Маж бил физички нападнат од четири засега непознати лица по претходна расправија што се случила ноќеска пред угостителски објект на булеварот „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Како што соопшти МВР, инцидентот се случил ноќеска во 02,10 часот, а во Секторот за внатрешни работи Скопје го пријавил И.Ц.(47), веднаш откако бил нападнат. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.   

Луфтханза откажа над 800 летови поради штрајк на германски аеродроми

Авиокомпанијата „Луфтханза“ откажа повеќе од 800 летови од германски аеродроми поради штрајк, јави АФП.  Германски синдикат соопшти денеска дека негови членови утре ќе организираат штрајк на најголемиот германски аеродром во Франкфурт. Штрајк ќе биде организиран и на аеродромот во Минхен. Ќе штрајкуваат и сервисните служби, градинките и вработените во локалната администрација. Синдикатите бараат зголемување на платите за шест отсто или најмалку 200 евра...

Работници на „Џенерал моторс“ ја демолираа канцеларијата на директорот

Работници на Џенерал моторс во Јужна Кореја насилно влегоа во канцелариите на компанијата по информацијата дека нема да добијат еднократна награда за својата работа. Тие го демолирале мебелот, откако филијалата на американскиот производител на автомобили им соопшти на вработените дека нема да добијат бонус поради финансиски проблеми. Десетици членови на синдикатот влегле во канцеларијата на директорот и почнале да го уништуваат...

Избор на најубаво велигденско јајце во Кичево

Во црковниот храм„ Свети Петар и Павле“ во Кичево денеска се оддржа традиционалниот избор на најубаво украсено велигденско јајце,најубава торта,најубава погача,најубав цртеж, а се одржа и натпревар за најјако велигденско јајце, во кој учествуваа деца до 15 годишна возраст. Во силна конкуренција за најубаво украсено велигденско јајце беше прогласено јајцето под шифра„Мајка“ чиј автор беше Ангелина Милановска-Запатоска. Второто место го...

Синдикатот на „Саса“ во среда ги почнува преговорите со менаџментот на рудникот

Синдикатот на вработените во рудникот „Саса“ членка на МЕСО - Мултиетничкиот синдикат за образование на РМ во среда ќе ги започне преговорите со менаџментот на рудникот за решавање на економско-социјалните барања на работниците, кои беа причина за штрајкот во март годинава.   Како што информира претседателот на МЕСО и на Синдикалната организација на „Саса“ Драге Јованоски, рудникот „Саса“ во Македонска Каменица“...

Мотоциклист се здобил со тешки повреди на патот кон ХЕЦ Козјак

Скопјанецот Ф.Ш. (25)  кој управувал  мотоцикл „Кавасаки-550“ со скопски регистерски таблици, н а регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, атар на село Нова Брезница, изгубил контрола и удрил во сообраќаен знак. Како што информира МВР, Ф.Ш. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Увидна екипа...

Тетовец нападнат со пиштол пред својата куќа

Непознато лице го удрил со пиштол К.М. (61) од тетовско Боговиње пред неговата куќа, откако го прашало зошто го удрил возилото на зет му. Како што информира МВР, К.М. (61) од село Боговиње, Тетовско пријавил дека вчера околу 20:30 часот во неговата куќа дошло непознато лице и тропало на вратата од дворот, а откако излегол лицето го прашало зошто го...

Јувентус ќе го нападне Реал со четворица напаѓачи

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри размислува да извади состав со четворица „истурени“ фудбалери на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Италијанските медиуми објавија дека Алгегри разгледувал две формации, едната е 4-2-4, а другата 4-3-3. Како што се наведува, доколку Јувентус игра со тројца во средниот ред и три напаѓачи на теренот тоа ќе бидат Матуиди, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира...

Нападнат полицаец во Ѓорче Петров

Скопјанецот С.Р.(27) во скопската населба Ѓорче Петров синоќа нападнал полицаец кој сакал да го летимира.   Како што соопшти МВР, синоќа во 22:55 часот на улицата „Новопроектирана“ во населбата Ѓорче Петров, по претходна пријавена поплака против  С.Р., полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров побарале тој да се легитимира. С.Р. одбил да се легитимира и нападнал еден од полициските службеници, по што е приведен...

Лондон бара итна акција за наводниот напад со хемиско оружје во Дума

Лондон побара итна акција како одговор за наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума. Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска побара „силна и голема меѓународна акција“ како одговор за наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума што е под контрола на бунтовниците. Во телефонски разговори со својот француски колега, Жан Ив ле Дријан, Џонсон нагласил...