„Најжешкото“ скопско лето
По доаѓањето од Пелистер во Вардар, Трајановски налета на жешкото скопско лето на кое тешко се адаптираше. Тој заигра во првиот тим, го постигна и оној прекрасен гол против нишки Раднички, но поради здравствените проблеми за миг дојде до прекинување на кариерата. Вториот период во Вардар, пак, ќе биде запаметен и по одиграните 72 натпревара во континуитет. Доктор Вучидолов...
Општината побара обештетување, превозниците се закануваат со бојкот на „бесплатниот” превоз во Битола
Продолжението од судскиот процес во случајот „Транспортер “ кој деновиве беше прекинат ќе се одржи на 27 април.
До тогаш Општината Битола треба да го прецизира оштетното побарување кое го побарала од инволвираните во „Транспортер”.
Иако пред тоа Општината Битола наводно со писмени известувања до државното јавно Правобранителство не барала оштетно побарување, на последното рочиште овластениот преставник на Општината го известил...
Вечерва во Кавадарци меморијална манифестација „Пријателите за Ристо“
Во организација на Здружението за алтернативна култура „Алтер Центар“ од Кавадарци вечерва со почеток во 20 часот во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ по трет пат ќе се одржи меморијалната манифестацијата „Пријателите за Ристо“ посветена на кавадаречкиот ликовен уметник Ристо Соколов Сокол која е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Ристо Соколов (16 април 1957-14...
Еден загинат и двајца тешко повредени викендов во Скопје
Едно лице загина, две се тешко повредени, а 18 се здобиле со полесни повреди во 14 од 23-те сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција санкционирала 22 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 65 возачи, од кои четворица под дејство на алкохол, 51 пред да се...
Трамп сака американските сили да се вратат од Сирија
Американскиот претседател Доналд Трамп и понатаму сака американските сили да се вратат од Сирија што е можно побргу, објави Белата куќа откако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека го уверил Трамп да ги задржи силите во Сирија подолго време.
- Американската мисија не е променета – претседателот беше јасен дека сака американските сили да се вратат што е можно побргу,...
Монако ќе им враќа пари на навивачите кои го следеа поразот од ПСЖ
Се уште актуелниот француски фудбалски шампион, Монако, објави дека ќе им ги надомести сите финансиски трошоци на сопствените навивачи, кои го посетија натпреварот од 33. круг од Лига 1 проттив ПСЖ.
Монако синоќа во Париз загуби со убедливи 1-7, а срамниот пораз е причината клубот од Кнежеството да преземе таков чекор како чин на извинување до своите фанови.
Условите за враќање...
Коѕијас и Кумуцакос се испокараа за Заев
Последните јавно изнесени ставови на македонскиот премиер Зоран Заев, беа причина за нови препукувања меѓу власта и опозицијата во Грција. Одговорниот за надворешна политика во Нова демократија Јоргос Кумуцакос, побара одговори од владата за што точно преговара, на што реагираа од прес службата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас дека опозицијата била детално известена за грчките позиции на...
Сомнителниот моден вкус на Коачела
Илјадници љубители на музиката секоја година го посетуваат познатиот фестивал Коачела во Калифорнија, кој претставува и своевидна модна писта препознатлива по дискутабилниот избор на облека на тамошните посетители.
Коачела е еден од најпрофитабилните светски фестивали, каде што настапуваат најпознатите светски музички ѕвезди, но и музичари во подем, со што секое издание соборува рекорди во посетеноста, како и во заработката. Минатата...
Ѓукановиќ прогласи победа на претседателските избори во Црна Гора
Поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ прогласи победа на вчерашните претседателски избори.
Новоизбраниот претседател порача дека неговата победа на претседателските избори е доказ за непобедливоста на коалицијата која е на власт во Црна Гора. Тој оцени дека изборниот резултат е потврда за решеноста на Подгорица да продолжи по патот на...
Продолжува судењето за нападот врз Села
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
На денешното рочиште се очекува да сведочат тројца сведоци, меѓу кои и пратеникoт на СДСМ, Мухамед Зекири.
На минатото судење, што траеше шест часа, беа сослушани тројца сведоци, претседателот на...








































