Кончита Вурст објави дека има ХИВ
Победникот на Евросонг од пред четири години, познат како Кончита Вурст е заразен со ХИВ вирусот, и тој тоа го објави на својот Инстаграм профил, нагласувајќи дека тоа мораше да и го соопшти на јавноста, поради заканите од неговото поранешно момче.
- Имам ХИВ неколку години. Тоа е ирелевантно за јавноста, но поранешното момче ми се заканува дека ќе го...
Изгоре пицерија во „Чаирчанка“
Нема повредени во пожарот во кој ноќеска изгоре пицерија во трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот е пријавен околу 4 часот утрово од случаен минувач.
Во гаснење на пожарот интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а пицеријата целосно изгорела.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
Опасна замка на „временската рамка“
Вметнување „временска рамка или клаузула“ што ќе се однесува на евентуалното идно решение околу наметнатиот спор за името помеѓу Грција и Македонија беше новиот момент од последната рунда разговори во Охрид помеѓу шефовите на дипломатиите Никос Коѕијас и Никола Димитров. И како поим, значење, но и како суштина на што точно таа клаузула би можела да се однесува и...
Илјадници повици на британска линија против модерно ропство
Британската линија за помош на жртви на модерно ропство примила илјадници повици во првата година од постоењето и идентификувани се речиси 5.000 потенцијални жртви, соопшти денеска организацијата за борба против трговија со луѓе.
Како што е наведено, потенцијалните жртви најмногу се експлоатираат во авто-перални, на градилишта, во бордели и салони за разубавување.
Минатата година вкупно 3.710 повици од жртви и од...
Европската комисија препорачува безусловен старт на преговорите за Македонија?
Европската Комисија препорачува безусловен старт на преговорите за Македонијa, во нацрт-извештајот до кој дојде МИА. Формулацијата, сепак, може да биде променета во последен момент предупредуваат извори во Брисел за МИА.
- Во светло на постигнатиот напредок, ЕК препорачува преговорите за членство да започнат со Поранешната југословенска Република Македонија. Одлучувачки ќе биде задржувањето и продлабочувањето на сегашниот реформски чекор за итните...
Мухамед Зекири ќе сведочи за нападот врз Села
Со давање исказ на сведокот Абдул Фета Аљими, кој е донесен од притвор, во Кривичниот суд денеска продолжи судскиот процес за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
Пред судот денеска искази треба да дадат и сведоците Мухамед Зекири и Игор Јанакиев.
На претходното рочиште, што траеше шест...
Трамп го бара убиецот на агентот чија смрт ја смени борбата против нарко-картелите
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го зголеми притисокот за апсење на мексиканскиот нарко-бос Рафаел Каро Квинтеро, кој наводно, го наредил убиството на агентот на ДЕА Енрике Камарена - Кики, пишува „Лос Анџелес тајмс“.
Квинтеро беше осуден на затвор поради убиството на специјалниот агент на Агенцијата за борба против трговијата со дрога (ДЕА), кој беше киднапиран на 7...
Нападите нема да ја сменат ситуацијата во Сирија
Западната интервенција, практично, нема шанси да го смени воениот баланс на моќта во време кога Асад е во најсилна позиција од почетокот на конфликтот во Сирија, оценува Ројтерс
САД, Британија и Франција порачаа дека нивните ракетни напади врз Сирија го погодија „самиот центар“ на сириската програма за хемиско оружје. Сепак, овој ограничен напад најверојатно нема да доведе до промена на...
Алаѓозовски: Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура
Десет проекти од Годишната програма на Министерството за култура со вкупна вредност од осум милиони и 500.000 денари се повлечени по ревизијата на Комисијата од Министерството, информираше денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски при посетата на затворот Шутка.
- Во овој момент комисиите ги разгледуваат и одлучуваат по однос на приговорите. Начинот на којшто ќе можеме да одговориме на приговорите...








































