Кривична за малолетник кој со нож повредил врсник
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Според МВР, малолетникот со нож му нанел убодна рана на својот врсник, Ф.Р.
Немилиот настан се случил на 10 април годинава околу 13 часот, во двор на скопско средно училиште.
Шест танчерки затекнати во објект во Форино
Шест танчерки затекнала полицијата синоќа во објект во гостиварското село Форино.
Како што соопшти МВР, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во с.Форино-гостиварско, сопственост на Р.Б. од Добридол. Притоа, во објектот биле затекнати шест лица ангажирани како танчерки, од кои една од Република Албанија и пет од Република Македонија.
Сите биле приведени во Полициската станица Гостивар.
Трибјут-бендот „Брит Флојд“ во ноември во Скопје
По настапите пред повеќе од милион обожаватели низ целиот свет, на 14 ноември во арената „Борис Трајковски“ публиката ќе има можност да ужива во настапот на еден од најдобрите трибјут-бендови на светот - „Брит Флојд“.
Членовите на групата се посветени на тоа да го оживеат култниот бенд „Пинк Флојд“ со секоја нота и секој потег, поради што заслужено се сметаат...
Протекувањето на информациите не го намали бројот на корисниците на Фејсбук
Бројот на оние што ги избришале своите профили е сосема занемарлив и компаниите, освен неколку исклучоци, како на пример „Плејбој“, продолжија да ја користат оваа мрежа и да се рекламираат на неа како и претходно
Фејсбук-корисниците не ја загубија довербата во оваа социјална мрежа, ниту по скандалот со неовластеното користење на податоците на повеќе од 50 милиони луѓе, па, така,...
Отворен конкурсот за настап на фестивалот „Егзит“
„Егзит“, официјално најдобриот голем европски фестивал, и Студентскиот културен центар од Нови Сад, и годинава отворија конкурс за млади музичари на кои ќе им се даде можност да настапат на некоја од бините на Петроварадинска тврдина од 12 до 15 јули.
Лани на овој конкурс се пријавија над 450 автори од целиот свет, а избрани беа 33 најдобри изведувачи од...
Што сѐ Фејсбук знае за нас
Фејсбук освен општите податоци за корисниците како име и место на живеење, знае каде јадат, каде пијат кафе, каде одат на шопинг, на патување, што сакаат да купуваат, го следи секој нивни чекор...
На над 2,2 милијарди активни корисници месечно, Фејсбук им ги има складирано личните податоци, што е речиси една третина од светското население - базата на податоци е...
„Ај кју“ со одличен настап и во Амстердам
По учеството на „Израел повикува“ и по настапот на финалето на СЕХА-лигата во Скопје, како ексклузивни гости, нашите евровизиски претставници „Ај кју“ деновиве беа дел и од традиционалниот промотивен настан „Евровижн ин концерт“ што се одржа во Амстердам. На средбата учествуваа 34 евровизиски делегации, а официјалната евровизиска забава беше поддржана од ЕБУ.
За десеттото јубилејно издание организаторот се потруди да...
Коѕијас: ПЈРМ во јуни нема да влезе во НАТО, нема доволно време
Убедување дека на следниот НАТО самит, Македонија нема да стане членка, бидејќи е краток временскиот рок, изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио 247.
- Тие сакаат да распишат референдум. За референдум во земјата пријател на север, потребни се два месеци. Само за референдумот ќе дојде јуни. А откако ќе се заврши со референдумот, договорот...
Вучиќ: За Косово преговараме со САД
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека за косовското прашање ним не им се противници Албанците, туку оние што ја создаваа таа држава и кои им ја одземаат таа територија.
Во интервју за Пинк телевизија тој рече дека е јасно оти за Косово се преговара со САД, Велика Британија и уште неколку држави од Европската Унија.
Вучиќ додаде дека Приштина, како што...
Кривична за екс директорот на затворот Гевгелија
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба е покрената против поранешниот директор на затворот во Гевгелија.
Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против П.Н.(62) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од 31.07.2017 до 14.08.2017 година пријавениот, како директор на Казнено поправната установа Затвор Гевгелија, откако на 31.07.2017 година...








































