Продолжува судењето за „Шпион“ и „Насилство во општина Центар“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Шпион“ и „Насилство во општина Центар“. Минатото рочиште за „Шпион" беше одложено поради оправдано отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите. Предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство. Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја...

Џафери ја продолжува посетата на Турција, средби со Ердоган и Кахраман

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска во Анкара ќе се сретне со спикерот на Големото национално Собрание Исмаил Кахраман и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Џафери ќе го посети Мевзолејот на Ататурк, како и делот кој што беше бомбардиран во текот на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година. Џафери вчера на аеродромот во Анкара...

Обраќање на Могерини во македонското Собрание

Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија и заменик-претседател на Европската комисија Федерика Могерини денеска ќе се обрати пред пратениците во македонското Собрание. Повод е Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија и дадената чиста препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Во текот на вчерашниот ден Могерини се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и...

Делови од Карпош, Центар и Влае денес без струја

Дел од општините Карпош и Центар, како и дел од населбата Влае денеска во одреден период од денот нема да имаат струја поради технички зафат на ЕВН. Како што информира РЦУК, од 8 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од објектите на улицата „Фјодор Достоевски“ во Карпош и дел од населбата Влае, од 9 до 12 корисниците...

„Црниот пантер“ стави крај на забраната за кино во Саудиска Арабија

Со кино проекција на американскиот филм „Црн пантер“, во Ријад денеска беше отворена првата кино сала во Саудиска Арабија по повеќе од 25 години. Со ваквиот чекор и официјално е укината забраната за постоење на кина во оваа конзервативна муслиманска монархија.  Отворањето на кината властите во Саудиска Арабија го најавија лани во декември со промовирањето на реформскиот план „Визија 2030“, предложен...

Александре де Ротшилд ќе ја предводи познатата банкарска династија

Најпознатата европска банкарска династија Ротшилд именуваше нов претседател на својата семејна инвестициска банка. Александре де Ротшилд (37) ќе го замени својот татко Давид де Ротшилд (75) на местото генерален директор на банката. Наследникот ќе биде седма генерација на династијата која ќе владее со оваа француско-британска инвестициска банка, која е основана во 1838 година. - Промената во раководството на компанијата е внимателно подготвена....

Сончево со умерена облачност

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо облачно, главно во западните и јужните делови со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој во северозападните делови повремено ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 20 до 27 степени. Во Скопје...

Киев планира да го одземе имотот на „Газпром“

Киев планира да го конфискува имотот на „Газпром“ во Украина, како и имотот на оваа руска компанија во странство, изјави украинскиот министер за правда Павел Петренко. Според него, имотот на „Газпром“, што се наоѓа во Украина, властите веќе го префрлиле во државниот буџет и сега го бараат имотот на украинските должници на руската компанија. - Во Европа „Газпром“ има многу имот,...

Русија призна дека блокирала милиони ај-пи адреси

Раководителот на рускиот комуникациски регулатор Роскомнадзор, Александар Жаров, денеска призна дека милиони ај-пи адреси биле блокирани при неуспешен обид за запирање на апликацијата за испраќање пораки Телеграм. Телеграм се уште е достапен за корисниците во Русија и покрај напорите на властите да влијаат врз него, блокирајќи други услуги. Минатата недела руските власти наредија да биде стопиран пристапот до апликацијата. Спорот изби,...

Ем-ти-ви наградите се враќаат во Њујорк

Ем-ти-ви видео музичките награди по една година помината во Калифорнија се враќаат на американскиот источен брег во Њујорк. Ем-ти-ви соопшти дека свеченоста за доделувањето на Видео музичките награди за 2018 година ќе се одржи на 20 август во Радио сити мјузик хол во Њујорк. Минатата година свеченоста се одржа во Инглвуд во Калифорнија, а една година претходно во Медисон сквер гарден...