Лансиран сателит што ќе трага по вонземски живот
Американската вселенска агенција НАСА синоќа лансираше сателит што ќе трага по планети на кои е можно да постои живот.
Сателитот за истражување егзопланети (ТЕСС) е лансиран во 00:51 часот по средноевропско време од Кејп Канаверал на Флорида, на ракетата „Спејс Икс Фалкон 9“.
ТЕСС е успешно поставен во орбитата после еден час од лансирањето.
Сателитот ќе набљудува околу 200.000 ѕвезди во близина...
Иванов домаќин на лидерите на земјите-учеснички од Процесот Брдо-Бриони
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на 27 април во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите-учеснички од Процесот Брдо-Бриони. На состанокот ќе присуствуваат претседателите од земјите во регионот, како и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Главната цел на Процесот Брдо-Бриони е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во...
Законот за обложување не мина, газдите не ги заборавија политичарите
Последниве денови во Македонија се актуелни најавите за менување на законската регулатива за работење на обложувачниците, што дополнително ја бранува јавноста. И додека кај нас се ставаат на кантар добрите и лошите страни на законот, интересна вест доаѓа од Босна и Херцеговина.
Имено, тамошните медиуми на големо пишуваат дека обложувачкото лоби наводно длабоко се инволвирало во постапката за донесување на...
Лекции по политичка хемија
Тоа е многу важен доказ - кажа Кралот триејќи ги рацете.
- А сега поротниците нека одлучуваат дали тој е виновен или не - рече Кралот дваесетти пат овој ден.
- Не! Не! - рече Кралицата. - Нека изречат казна! Дали е виновен тој или не, после ќе видиме!
Во последно време светот сè почесто го тресат настани што по својата апсурдност...
Спасовски: Нема закани од нов мигрантски бран, но ние сме подготвени
Безбедносните информации и анализи моментално укажуват дека не постојат закани од нов мигрантски бран на т.н. „балканска рута“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Охрид, каде учествува на Генералното собрание на шефовите на полициите од државите на ЈИЕ.
Тој додаде дека доколку и дојде до мигрантска криза, Македонија е подготвена да реагира.
- Во завршна фаза сме со...
Зарем постои нечиста препорака?
Во услови кога на состојбата се гледа не само од различни перспективи, туку таа и се вреднува врз основа на сосема различни мотиви и цели, а за согледувањето на
одделните критериуми ич да не се ни зборува, извештаите на Европската
комисија стануваат навистина беспредметни. За да бидеме начисто, не станува тука збор за различниот пристап на Брисел кон клучните политички критериуми...
Адвокатите ги собираат милионите на Принс, додека наследниците не добиле ниту долар
Наследниците на Принс уште не добија ниту еден долар од богатството на славниот музичар, кое се проценува на безмалку 200 милиони долари, и по две години од неговата смрт, пишува магазинот „Форбс“.
Причина за ваквата ситуација претставува отсутвото на тестамент на пејачот, што ја прави поделбата на неговото богатство комплицирана. Токму затоа, управителот на неговиот имот не може да ги...
Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс
Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави дека сака да забрани граѓаните на таа држава да имаат орален секс, со образложение дека „устата е за јадење“.
Тој обвини „странски служби“ дека се обидуваат да ги убедат луѓето во Угада да имаат орален секс и издаде јавно предупредување.
- Дозволете ми да ја искористам оваа можност и јавно да ги предупредам нашите луѓе...
Косовска Платформа за конечен договор со Белград
Платформа за политичкиот дијалог со Белград усвои денеска косовската Влада и ја достави на одобрување до Собранието на Косово.
По усвојувањето на документот, косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека „било крајно време“ Владата до Парламентот да достави Платформа за дијалог.
- Платформата го содржи предусловот што ја изразува добрата волја за добрососедски односи, почитување на договорите и за интеграција во...
Едностраната студена војна на Западот
Проблемот меѓу Русија и Западот е всушност проблем на самите Западњаци. Ако има нова студена војна, таа ќе избие само зашто елитите не се помириле со новата реалност. Западот се оддалечува од рамнотежата на воена, политичка, економска и морална моќ и овој процес е премногу длабоко навлезен за да може да се запре
Зголемените тензии се само уште еден доказ...








































