Единаесет деца загинаа во самоубиствен напад во јужен Авганистан

Единаесет деца загинаа во напад извршен од бомбаш-самоубиец кој активирал експлозив во близина на џамија во јужниот дел од Авганистан, јави ДПА. Шеснаесет други лица се ранети во нападот што се случи во областа Даман. Меѓу повредените се и романски војници и полицајци. Бомбашот го активирал експлозивот што го носел во возило во момент кога поминувал покрај конвој на странски труп,...

Нивото на Охридско Езеро 20 сантиметри над дозволениот водостој

Нивото на Охридско Езеро е 20 сантиметри над дозволениот максимален водостој, соопшти УХМР.   Хидролошките мерења покажуваат дека е згфолемено и нивото на Дојранското Езеро, еден сантиметар над договорениот максимален водостој.   Состојбата со реките е поинаква. Некои бележат одредени зголемувања, а други намалувања на нивоата. Црн Дрим кај Ложани е речиси преполовен. 

Снимката за „Поткуп“ се гледа без присуство на јавноста

Во Кривичниот суд денеска се одржува рочиште за случајот „Поткуп“ затворено за јавноста. На почетокот на судењето беше прочитана одлуката на Апелацискиот суд Скопје, јавноста да биде исклучена од рочиштето на кое ќе биде пуштена видео снимката поради која премиерот Зоран Заев се товари за поткуп. На претходните рочишта Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го...

При контрола на возило во Гостивар пронајден пиштол и куршуми

При вршење редовна сообраќајна контрола гостиварска полиција во Гостивар во патничко возило „Голф“ со скопски регистарски таблици пронашла пиштол „Црвена Застава М-57“ калибар 7,62 мм и една рамка со девет куршуми. Лицето што го управувало возилото било приведено во полиција. Како што информира МВР, вчера околу 11:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар полициски службеници запреле патничко моторно возило „Голф“...

Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Миладиновци-Мралино

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што синоќа околу 23 часот се случила на локалниот пат село Миладиновци - село Мралино, Скопско. Како што информира МВР, во несреќата патничко моторно возило “Ауди А3“ со скопски регистерски таблици управувано од  Е.Б. (60) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело на кров. Е.Б. со возило на Итна медицинска помош...

Продолжува потрагата по двајцата косовски полицајци

Екипи на македонската полиција и денеска ја продолжуваат потрагата по двајцата полицајци од Косово кои во саботата со возило излетале во реката Лепенец, од косовската страна на границата, соопштија од МВР. Вчера од полицијата изјавија дека се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени од реката на македонската страна од границата. Вклученоста на МВР во потрагата ја потврди и косовскиот...

Европратеничка од Нова демократија бара одговор од ЕК за ставовите на Туск по средбата со Заев

Ставовите и поддршката за Македонија од претседателот на Европскиот совет, но и употребата на македонскиот јазик од страна на Доналд Туск, се темите во прашањата што европратеничката од грчката опозициска Нова демократија, ги упатува до претседателот на Европската комисија по средбата во Скопје на Доналд Туск и Зоран Заев. Мариа Спираки, која воедно е и портпарол на Нова Демократија, во...

Неделава во Солун нова средба Димитров – Коѕијас

Зачестените контакти на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас, во последниот период, продолжуваат неделава во Солун. Двајцата в четврток и петок ќе учествуваат на квадрилатералниот форум на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и од Албанија. Последната средба Димитров - Коѕијас беше минатата недела во Виена на новата рунда преговори за...

Викендов 32 сообраќајки во Скопје, велосипедист тешко повреден

Велосипедист бил потешко повреден во една од вкупно 32 сообраќајки случени во текот на викендов на подрачјето на СВР Скопје. Во 17 сообраќајки со полесни повреди се здобиле 22 лица, а во 14 била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и пет возачи се движеле со брзина поголема од...

Брус Вилис го продаде станот во Њујорк за 17,75 милиони долари

Американскиот актер Брус Вилис и неговата сопруга Ема го продадоа својот луксузен стан во Њујорк со поглед на Централ парк за 17,75 милиони долари. Како што пишува „Дејли мејл“, тие ја добиле бараната цена за станот кој го купиле во 2015 година. Сега го продале за 755.000 долари повеќе. Луксузниот дуплекс има шест соби и четири бањи, како и приватна библиотека. Претходно...