Димитров и Коѕијас на квадрилатерален состанок во Солун
Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, утре и задутре треба да учествуваат на квадрилатералниот состанок во Солун.
Двајцата министри в четврток и петок ќе учествуваат на квадрилатералниот состанок, на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и Албанија, Екатерина Захариева и Дитмир Бушати.
Од Министерството за надворешни работи не прецизираат дали е превидена билатерална...
ЕУ бара докази од Нетанјаху за иранската нуклеарна програма
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини порача дека израелскиот премиер не докажал дека Иран го крши договорот за нуклеарната програма од 2015 година
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини порача дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не докажал дека Иран го крши договорот за нуклеарната програма од 2015 година. Нетанјаху претходно на голема прес-конференција изјави дека неговата влада има „половина тон“...
СБ: Македонската економија годинава со раст од 3,2 отсто
Светска банка во најновиот извештај за економските перспективи, прогнозира дека растот на македонската економија годинава ќе изнесува 3,2 процента.
Според СБ, во Македонија по надминувањето на политичката криза, која имаше влијание на економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфраструктурни проекти.
Со проекцијата на СБ за следната година се предвидува раст...
Измамници ограбиле постари лица во Аеродром и Карпош
Постара жена била ограбена од момче на возраст над 20 години во скопски Аеродром, соопшти полицијата.
Според истиот извор, вчера во 15:30 часот Е.К.Ф.(76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13 часот на булеварот „Јане Сандански“ во парк, додека седела на клупа и пришло лице на возраст околу 22-24 години и и рекло дека парите кои предходно ги извадила...
Украден преносен компјутер, девизи и накит од стан во Скопје
Лап топ, 200 евра, разновиден златен накит, како и накит „Сваровски", во вкупна вредност од 300.000 денари биле украдени од стан во Скопје .
Во полициската станица Бит Пазар Л.С.(47) пријавила дека вчера во времето од 13.30 до 18.05 часот во нејзиниот стан на улицата „Џон Кенеди" од страна на непознат сторител е тешка кражба при што е одземен лап...
Во Скопје во првото тримесечје намерно се опожарени 20 возила
Со намера или случајно, не запира трендот на опожарување возила, било да се паркирани на паркиралишта, пред нечиј дом или на друго место, и тоа како во Скопје, така и во другите градови во Македонија. Само во главниот град во првиве три месеци од оваа година полицијата евидентирала 20 случаи на намерно запалени возила. И пред неколку дена имаше...
Почна уписот на првачиња
Уписите на ученици во прво одделение започнаа денеска во 360 основни училишта во Македонија, а се очекува во наредната учебна година во училишните клупи да седнат околу 20.000 првачиња.
Уписот на првачиња е за учебната 2018/2019 година, за деца родени во 2012 година. Децата кои до 31.01.2019 година ќе наполнат шест години може да се запишат во прво одделение...
Уапсени Балканците што го воделе најопасниот сервис за хакирање во светот
Затворен е „Вебстресер“, најголемиот светски интернет-сервис на кој корисниците може да нарачаат и да најмат услуга за ДДоС (прекинување интернет-врска на некој корисник)
Хрватската сајбер-полиција во соработка со полициските служби од повеќе земји во светот го откри и уапси човекот што раководеше со најголемиот илегален интернет-сервис за ДДоС сајбер-напади. Со порталот „Вебстресер“ (webstresser.org) раководел 19-годишен хрватски државјанин, против кого е...
СЗО: Седум милиони луѓе умираат годишно поради загаден воздух
Секоја година околу седум милиони луѓе умираат поради изложеност на загаден воздух, објави Светската здравствена организација(СЗО).
Според СЗО, само загадениот воздух предизвикал 4,2 милиони смртни случаи во 2016 година, додека загадувањето на воздухот од несоодветни горива и технологии предизвикало 3,8 милиони смртни случаи во истиот период.
Тие бројки се на исто ниво со бројот на смртни случаи регистрирани во претходна студија...








































