Игра на нерви и на време
Грција сѐ повеќе притиска со своите уцени и апсурдни барања од една комотна и супериорна позиција, додека Македонија соочена со кратки рокови и временскиот теснец, пак, се надева дека спорот ќе се реши до самитот на ЕУ од кој се очекува датум за почеток на преговорите, како и покана за членство на самитот на НАТО во јули. Во една...
Глобалните воени расходи највисоки по Студената војна
Глобалните воени расходи за 2017 година се зголемени до највисоко ниво од Студената војна. Водечки на листата се САД, Кина и Саудиска Арабија. Воените расходи во светот се зголемени за 1,1 отсто во однос на 2016-та и вкупно изнесуваат 1.730 милијарди долари. Расходите за воени потреби се 2,2 отсто од глобалниот БДП или по 330 долари за секој жител...
СЗО: Седум милиони луѓе годишно умираат од загаден воздух
Околу седум милиони луѓе умираат секоја година поради изложеност на загаден воздух, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Нови податоци покажаа дека девет од 10 луѓе дишат високозагаден воздух.
Тие бројки се на исто ниво со бројот на смртни случаи регистрирани во претходната студија, објавена пред две години. Нивото на загадување на воздухот останува опасно високо во многу делови од светот, според...
Трамп и Ким ќе се сретнат во зоната меѓу двете Кореи?
Лидерите на Северна Кореја и на САД, Ким Јонг-ун и Доналд Трамп, би можеле до крајот на месецов да се сретнат во демилитаризираната зона (ДМЗ) што го дели Корејскиот Полуостров, а набљудувачите тврдат дека тоа е така поради ТВ-преносот од средбата меѓу лидерите на двете Кореи на истата локација.
Имено, Ким и Мун Јае-ин минатиот петок се сретнаа на иста...
Израел планира напад врз Иран?
Само неколку дена по спорниот напад во Сирија, за кој се верува дека е дело на Израелците, американски претставници предупредуваат дека по најновиот инцидент, Израел и Иран се поблиску до отворен конфликт
Само неколку дена по спорниот напад во Сирија, за кој се верува дека е дело на Израелците, во светот сѐ повеќе се зборува за можен конфликт помеѓу Израел...
Идентификувани напаѓачите кои извршија разбојништво врз двајца Јапонци
Полицијата ги идентификуваше напаѓачите кои завчера извршија разбојништво врз двајца јапонски државјани на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница. Двајца од напаѓачите веќе се приведени.
- Се работи за тројца малолетници од Велес на возраст од 15 до 17 години, кои истиот ден во Гостивар одзеле патничко возило „Форд мондео“ со гостиварски регистарски таблички, што го употребиле неколку часови подоцна во...
Во Австрија стапи во сила забраната за пушење во автомобил
Во Австрија стапи во сила забраната за пушење во автомобил, кога се возат деца или помлади од 18 години. За кршење на тој пропис предвидени се казни од 100 евра.
Во случај на непочитување на истиот пропис полицијата може да изрече казна до илјада евра. Од забраната се изземени такси возилата.
Првите недели од мај ќе се користат како фаза за...
Невреме во Австрија, над 100.000 громови ја погодија Виена и околината
Силно невреме со околу 100.000 удари на громови го погоди синоќа истокот на Австрија, посебно Виена и нејзината околина.
Експерти истакнуваат дека таквата појава е невообичаена за овој период од годината, бидејќи метеоролозите истакнуваат дека бројот на громови кои го погодиле истокот на Австрија може да се спореди само со летниот период, а не се очекува на пролет.
Викендов сообраќаен хаос на Бутелска
Улицата Бутелска беше тесно сообраќајно грло изминатиов празничен викенд, а синџирот од возила беше речиси недогледен во вечерните часови, кога сите се враќаа дома. Сообраќајниот хаос на враќање ги правеше нервозни излетниците што се упатиле кон викенд-населбата Бродец или падините на преубавите села и манастири на Скопска Црна Гора. Метежот веројатно се создаде и поради незавршените градежни активности на...








































