Судења за „Титаник 2“, „Триста“ и „Тарифа“
Нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 2“, „Триста“ и „Тарифа“ денеска треба да се одржат во Кривичниот суд.
Во предметот „Титаник 2“ што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски...
Книжевна визита за зближување на македонските и бугарските писатели
Десет македонски поети и писатели од сите генерации, од денеска до 12 мај во Софија ќе учествуваат на 11-тото издание на „Македонска книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија.
Организатор на оваа веќе традиционална манифестација е Книгоиздателството „Макавеј“ во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од Министерството за култура на...
Променливо облачно, попладне дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од шест до 25 степени, а УВ индексот ќе изнсува 6.
Во Скопско променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотраен дожд и ретки...
САД воведоа нови санкции за Русија
САД воведоа санкции за руски, ирански, севернокорејски и кинески поединци и правни ентитети, поради кршење на американскиот закон за неширeње на оружје за масовно уништување, соопшти Стејт департментот.
На листата се најдоа 28 физички и правни лица.
Американската влада соопшти дека сите тие би можеле да „имаат потенцијал да дадат материјален придонес“ во развојот на крстосувачки и балистички ракетен систем на...
Отворени 46. Мајски оперски вечери
Со звуците на Триумфалниот марш од Вердиевата „Аида“ и со традиционалниот фестивалски оган кој вечерва го запали првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова, во Македонската опера и балет свечено беа отворени 46. Мајски оперски вечери.
Пред почетокот на првата претстава од програмата - премиерата „Боеми“ од Џакомо Пучини, во фоајето на МОБ се обрати премиерот Зоран Заев. Настанот го поврза со...
Дачија Дастер прогласен за автомобил на годината
Од страна на национално жири за автомобил на 2018 година е прогласен Дачија Дастер, модел што годинава ги обедини признанијата за автомобил на годината и СУВ на годината.
Дачија Дастер победи во кокуренција на 10 финалисти, добивајќи ги најдобрите оценки во делот на економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, конфорт и опременост.
Наградата Автомобил...
Утре средба Папандреу-Димитров во Сунио
Со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу ќе оствари средба утре во Сунио шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
Информацијата ја потврди самиот Папандреу по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас.
Поранешниот премиер за надворешната политика разговараше со Алексис Ципрас, а потоа замина на средба со Никос Коѕијас.
- За...
Меркел: Да се спроведат договорите постигнати во Дијалогот Белград – Приштина
Договорите постигнати во рамките на дијалогот Белград - Приштина мора да бидат имплементирани, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи во Берлин.
- Односите меѓу Косово и Србија се главно прашање на патот на двете земји кон Европската унија. Тоа не е лесна тема, но има напредок во врска со ова прашање. Односите меѓу двете...
Иранскиот ријал на рекордно ниско ниво во однос на доларот
Иранската валута ријал денеска падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот откако американскиот претседател Доналд Трамп објави повлекување на САД од нуклеарниот договор помеѓу светските сили и Техеран.
Доларот се продава за околу 75.000 ријали, додека вчера, пред објавувањето на одлуката на Трамп, вредеше 65.000 ријали, објавија медиумите кои го следат слободниот пазар на валути.
Вредноста на иранската валута...
Грчкиот парламент донесе Закон со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца
Грчкиот Парламент денеска го изгласа Законот, со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца. Законот беше донесен и покрај спротивставувањето на десницата.
Текстот беше изгласан со гласовите на 161 пратеници, а 103 гласаа против.
Во салата присуствуваа 264 пратеници од вкупно 300-те во Парламентот, откако неонацистичката партија Златна зора побара поединечно гласање за Законот. Легислативата беше усвоена со...








































