Јаничару Топалов
Во повеќе наврати Кирил Топалов, инаку член на мешаната експертска мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, во бугарските медиуми (кои често се пренесуваат и кај нас) дава изјави од типот: „Низ срцата на една третина од бугарското население тече крвта на оние Бугари што гинеле за слобода на Македонија, поради што нивните потомци никогаш...
Германија и Италија го поздравуваат трговскиот договор со САД, француската опозиција – против
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го оцени како „позитивен“ постигнатиот трговски договор меѓу Европската Унија и САД, но нагласи дека прво треба да се разгледаат деталите - објави агенцијата АНСА.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека потпишаната рамковна спогодба е добра, бидејќи ја избегнала трговската војна и го заштитила автомобилскиот сектор.
- Овој договор спречи трговски конфликт што сериозно ќе ја погодеше...
„Св. Јован Канео во лето“ на Димитар Бирачоски – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА
Фотографијата „Св. Јован Канео во лето“ на Димитар Бирачоски е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
- Св. Јован Канео е најпосетуваната и најфотографираната локација во Охрид - вели Бирачоски во описот на фотографијата.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела...
Во десет градови бесплатен и анонимен скрининг по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот
Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, денеска почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.
По тој повод, од 10 до 13 часот ќе биде поставена мобилна единица на...
Тројца загинати, десетици повредени во железничка несреќа во југозападна Германија
Три лица загинаа, а околу 50 се повредени, од кои 25 тешко, во железничката несреќа што се случи синоќа во близина на Ридлинген, во сојузната покраина Баден-Виртемберг, соопштија германските власти.
Меѓу загинатите се машиновозачот и уште еден вработен во државната железничка компанија Дојче Бан. Несреќата се случи околу 18.10 часот кога најмалку два вагони од регионален воз на линијата RE...
САД и ЕУ постигнаа трговски договор, Фон дер Лајен задоволна
Договорот што го постигнавме со САД создава сигурност во овие неизвесни времиња и обезбедува стабилност и предвидливост за граѓаните и бизнисите од двете страни на Атлантикот, изјави вечерва претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во шкотското место Трнбери, на која беше постигнат трговски договор со што се избегнува воведување на...
Oсум се активни, седум под контрола и 36 изгаснати пожари, соопшти ЦУК
Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се активни, седум се под контрола и 36 се изгаснати.
Како што утрово објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека,...
Голем шумски пожар избувна кај селото Големо Црско, кичевско
Денес околу 13 часот во атарот на селото Големо Црско, Кичевско, избувна голем шумски пожар од кој беа опфатени површини со ситно стеблеста шума и сува трева. Поради ветерот и сувата подлога, пожарот брзо се прошири на поголем терен и кон самото село. Во текот на денот од страна на ТППЕ Кичево, ШС Лопушник, ер-тракторите и хеликоптер интервенирано е...
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
Пустец е доказ дека припадноста не се брише. Дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови. И дека постојат луѓе што не чекаат благодарност, туку само можност да продолжат онаму каде што другите би се откажале, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа во Општина Пустец, во Албанија.
-Ви благодарам што ја...
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово
Сообраќајот на регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово, кој од 13:30 часот беше во прекин за сите видови возила поради пожар покрај самиот пат, од 15:45 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради пожар, како што информира АМСМ, се уште е затворен за секаков вид на сообраќај граничниот премин Меџитлија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви...









































