Бирн: Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, врз основа на заслуги
Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ засновано на заслуги, порача денеска од Скопје ирскиот министер за европски прашања и одбрана, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
Бирн, чија земја го презема претседавањето со Советот на ЕУ во втората половина на следната година, нагласи дека членството во ЕУ ја трансформирало Ирска на...
Згаснува Агенцијата за поддршка на туризмот, вработените преминуваат во Министерството за култура и туризам
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот престанува да постои како самостојна институција и ќе биде во состав на Министерството за култура и туризам, што е официјализирано со измените на Законот за туристичката дејност што вчера беа усвоени во Собранието.
Триесетина вработени во Агенцијата ќе бидат префрлени во секторот за туризам на Министерството кој ќе има и нови простории за...
Предаден во употреба мултифунционален спортски комплекс, денес во Кичево
Со мала свеченост денес во кругот на поранешниот Дом на АРМ, од страна на министерот за спорт Борко Ристовски, беше предаден во употреба мултифункционален спортски комплекс, што се состои од ракометно, кошаркарско и одбојкарско игралиште, како и од фитнес простор, што го сочинуваат повеќе спортски реквизити. Овој спортски комплекс чини 6.960.000 денари.
- Вакви реконструкции и изградба на нови спортски...
Младешки ентузијазам и висока професионалност на уметниците од Музичката младина на Македонија
Восхитувачка интерпретација и музичка префинетост покажаа професионалните млади инструменталисти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ музицирајќи вчеравечер на „Охридско лето“.
Концертот традиционално се одржува секоја година на фестивалот во црквата „Света Софија“, овојпат се одвиваше под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ кој има богато професионално портфолио. Ова не е негова прва соработка со уметниците од ...
Обвинение за мотоциклистот што усмрти пешак на пешачка патека и побегна
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненителен акт против едно лице во врска со тешка сообраќајна несреќа што се случи на 1 јули годинава на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, при што животот го загуби пешак, а уште едно лице беше повредено.
Според обвинителниот акт, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека, иако немал возачка дозвола и возел спротивно на...
Мицкоски до Економско-социјалниот совет: Ќе донесеме добри решенија ако на сите ни е подеднакво важен интересот на граѓаните
Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на денешната седница на Економско-социјалниот совет, кој заседава по подолго време, порача дека може да се донесат добри решенија ако интересот на граѓаните е поважен од личните или политички разлики. Разликите помеѓу Владата и дел од синдикатите како и со другите чинители во рамки на Советот, според него, се дополнителна причина дијалогот да биде...
Намалено предупредувањето за цунами на Хаваи, сообраќајот полека се враќа во нормала
Предупредувањето за цунами за Хаваите е намалено, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување за цунами.
Тоа значи дека постои можност за силни бранови, помали поплави и силни струи, но не се очекува големо цунами.
- Евакуираните можат да се вратат дома - соопшти гувернерот на Хаваите, Џош Грин.
На луѓето им се советува да возат полека и внимателно, а истовремено внимаваат на поплави...
ЕУ и САД со различни толкувања на делови од постигнатиот трговски договор
Во првите денови по постигнувањето на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД во неделата во шкотското место Трнбери, двете страни во јавноста излегуваат со различни, понекогаш дури и противречни толкувања на делови од спогодбата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во неделата по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп на кој беше постигнат договорот со што беше избегнато...
Бислимоски: Ако РКЕ ја определува крајната цена на водните услуги ќе се намалат загубите на вода
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски е оптимист дека може да се подобри состојбата на јавните водоводни претпријатија во државата доколку РКЕ ја определува крајната цена за секоја водна услуга. Тоа, како што вели, ќе ги намали загубите на вода и ќе придонесе за инвестиции во водоводната...
Противпожарен хеликоптер „Блек Хок“ се вклучува во гаснењето на пожарот на планината Готен, опремен e со т.н. „бомби“
Противпожарниот хеликоптер „Блек Хок“, кој се вклучува во гаснењето на пожарот на планината Готен, е опремен со т.н. „бомби“ со капацитет од 3.410 литри вода, што овозможува ефикасно гаснење пожари од воздух.
Дел од екипажот кој пристигна во земјава, како што информираше денеска Амбасадата на Чешка, се тројца припадници на Чешката противпожарна служба и четворица пилоти и техничари.
- Пристигнувањето на...









































