ЕУ и САД со различни толкувања на делови од постигнатиот трговски договор
Во првите денови по постигнувањето на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД во неделата во шкотското место Трнбери, двете страни во јавноста излегуваат со различни, понекогаш дури и противречни толкувања на делови од спогодбата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во неделата по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп на кој беше постигнат договорот со што беше избегнато...
Бислимоски: Ако РКЕ ја определува крајната цена на водните услуги ќе се намалат загубите на вода
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски е оптимист дека може да се подобри состојбата на јавните водоводни претпријатија во државата доколку РКЕ ја определува крајната цена за секоја водна услуга. Тоа, како што вели, ќе ги намали загубите на вода и ќе придонесе за инвестиции во водоводната...
Противпожарен хеликоптер „Блек Хок“ се вклучува во гаснењето на пожарот на планината Готен, опремен e со т.н. „бомби“
Противпожарниот хеликоптер „Блек Хок“, кој се вклучува во гаснењето на пожарот на планината Готен, е опремен со т.н. „бомби“ со капацитет од 3.410 литри вода, што овозможува ефикасно гаснење пожари од воздух.
Дел од екипажот кој пристигна во земјава, како што информираше денеска Амбасадата на Чешка, се тројца припадници на Чешката противпожарна служба и четворица пилоти и техничари.
- Пристигнувањето на...
Приведен возач од струшко, возел 176 километри на час на место со ограничена брзина 80
Возач од струшкото село Горно Татеши управувал возило со 176 километри на час на место со ограничена брзина 80, полицијата го привела, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според информацијата, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 8 часот и 45 минути го лишиле од слобода М.Т.(58) од селото Горни Татеши, струшко, поради пречекорување...
Претставен план за изградба на Меморијален парк за жртвите од пожарот во Модуларната болница
Во кругот на Клиничката болница во Тетово денес беше претставен план за изградба на Меморијален парк за жртвите од пожарот во Модуларната болница. Ова го најавија министрите Азир Алиу и Арбен Фетаи, повеќе пратеници заедно со семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница, кои воедно положија и цвеќе на местото предвидено за изградба.
- Денеска не започнуваме само со...
Дел од патот Градско – Прилеп целосно затворен за сообраќај од 3 август
Дел од патот Градско - Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонијапат“.
- Поради изведување градежни активности на Вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско - Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат - од раскрсница кај бензинска станица „Лукоил“ до клучка кај бензинска станица „Салида“,...
Нов тренд што ја претвора бањата во спа-оаза
Домување
Новиот тренд во декорацијата на бањи е буквално покривање на ѕидовите и подовите, па дури и таванот со исти плочки. Тоа дава модерен и функционален ефект, а дизајнерите препорачуваат да го менувате форматот или завршната обработка на плочките во рамките на истата палета за да добиете убава длабочина, а не визуелен хаос. Поставувањето плочки на подот, ѕидовите и таванот...
Коалите живеат на дрвја, но умираат на земја
Коалите го поминуваат поголемиот дел од своето време на дрвја, но се во смртна опасност кога ќе се спуштат на земја, откри ново австралиско истражување. Овие торбари се загрозен вид во Австралија и нивната популација се намалува многу брзо поради губење на живеалиштата, нивна фрагментација, разни болести и голем број други закани. Коалите дневно поминуваат само околу 10 минути...
Нема да се менува цената на парното во Скопје, вели Бислимоски
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која продолжуваат да важат актуелните цени за топлинска енергија во Скопје се до донесување на нова одлука.
Тоа, како што рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, значи дека нема да има никаква промена на цената на топлинската енергија на трите система во градот...
Топење мраз стар 1,5 милион години
Јадро од мраз што може да е старо повеќе од 1,5 милион години пристигна во Велика Британија, каде што научниците ќе го стопат за да откријат витални информации за климата на Земјата. Беше дупчено длабоко во антарктичкиот леден покрив, во кој се замрзнати илјадници години стари информации за кои научниците велат дека би можеле да го револуционизираат нашето знаење...









































