Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени

Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат договори за неопределено време веднаш по изборите, а најдоцна до крајот на годинава, најави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес заедно со својот заменик  Бранко Аџигогов како и со заменик...

Прашањето за минималната плата отворено на ЕСС

Прашањето за минимална плата од 500 евра и за усогласување на останатите плати било отворено на седницата на Економско-социјалниот совет кој денеска заседаваше по неколкумесечна пауза, но ставот на Владата е дека за зголемување на минималната плата мора да се земат предвид и други параметри и да не се дозволи зголемување на инфлацијата. Од ССМ изразија разочарување, посочувајќи дека...

Собраниската Комисија за избори и именувања утре ќе носи одлука за избор на Народен правобранител, пријавени 17 кандидати

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе изврши избор на Народен правобранител. Изборот на нов претседател на ДКСК би можел да се поклопи со распишувањето на локалните избори на 8 август, а претседателот на Комисијата Ѓорѓија...

Јаневска: Финансираме истражувања на осум јавни научни установи

Министерството за образование и наука ќе финансира истражувања на осум јавни научни установи во наредните две години, со вкупна поддршка од 23,7 милиони денари. Проектите се од висок стратешки и национален интерес за државата, а меѓу нив се вклучени Етимолошкиот речник на македонскиот јазик, истражувања на Охридското Езеро, Лексиконот на македонскиот фолклор, како и истражување на културното наследство на...

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027

До крајот на 2027 година треба да биде завршена и пуштена во употреба Универзалната сала. До петок ќе биде распишан тендер за реконструкција на салата и градежните работи да почнат откако ќе заврши тендерската постапка односно кон крајот на септември. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека пред две недели поднел информација на седница на Влада за...

Муртезани: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да има крај

Процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ треба да има крај рече министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска на заедничката пресконференција со министерот за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Бирн, одговарајќи на прашањето до кога македонската Влада ќе чека одговор од Бугарија во однос на заедничка резолуција за македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент и...

Бирн: Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, врз основа на заслуги

Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ засновано на заслуги, порача денеска од Скопје ирскиот министер за европски прашања и одбрана, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани. Бирн, чија земја го презема претседавањето со Советот на ЕУ во втората половина на следната година, нагласи дека членството во ЕУ ја трансформирало Ирска на...

Згаснува Агенцијата за поддршка на туризмот, вработените преминуваат во Министерството за култура и туризам

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот престанува да постои како самостојна институција и ќе биде во состав на Министерството за култура и туризам, што е официјализирано со измените на  Законот за туристичката дејност што вчера беа усвоени во Собранието. Триесетина вработени во Агенцијата ќе бидат префрлени во секторот за туризам на Министерството кој ќе има и нови простории за...

Предаден во употреба мултифунционален спортски комплекс, денес во Кичево

Со мала свеченост денес во кругот на поранешниот Дом на АРМ, од страна на министерот за спорт Борко Ристовски, беше предаден во употреба мултифункционален спортски комплекс, што се состои од ракометно, кошаркарско и одбојкарско игралиште, како и од фитнес простор, што го сочинуваат повеќе спортски реквизити. Овој спортски комплекс чини 6.960.000 денари. - Вакви реконструкции и изградба на нови спортски...

Младешки ентузијазам и висока професионалност на уметниците од Музичката младина на Македонија

Восхитувачка интерпретација и музичка префинетост покажаа професионалните млади инструменталисти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“  музицирајќи вчеравечер на „Охридско лето“. Концертот традиционално се одржува секоја година на фестивалот во црквата „Света Софија“, овојпат се одвиваше под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ кој има богато професионално портфолио. Ова не е негова прва соработка со уметниците од ...