Швајцарија ќе финансира образовен проект за зголемување на вработливоста во Македонија

Швајцарската конфердерација ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка за реализација на 10 годишен проект „Образование за вработување во Македонија“ кој треба да започне годинава со цел да го подигне степенот на вработливост во државава. Имплементацијата на проектот била една од клучните теми на разговор на денешната средба помеѓу министерот за образование и наука Арбер Адеми и заменикот амбасадор на Швајцарија...

Претставникот на ЕУ Никола Бертолини во посета на Кичево и село Колибари

Во посета на Кичево денеска беше претставникот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Никола Бертолини. Тој најпрво во текот на претпладнето го посети село Колибари, каде во блиска иднина со европски пари, треба да биде изграден систем за наводнување со кој ќе бидат опфатени 160 хектари плодно земјиште. Потоа Бертолини го посети Центарот за развој на заедницата во Кичево каде...

Канада против, Италија за враќање на Русија во Г-7

Канада не ја смени позицијата и останува на ставот против враќање на Русија во Г-7, изјави денеска портпаролот на канадскиот премиер Џастин Трудо. Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп повика на враќање на Русија во Г-7, која беше исклучена од Групата најразвиени земји во 2014 година поради анексијата на Крим и конфликтот во Источна Украина. Новиот италијански премиер Џузепе Конте го...

Илјада вработувања за шест месеци во јавното здравство

Во последните шест месеци во јавното зравство во земјава се реализирани 1.000 вработувања од кои најголемиот дел се доктори, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на велешката болница. Тој најави дека и од крајот на овој месец ќе почнат првите специјализации, а поголема бројка доктори ќе почнат со специјализации од септември при тоа посочувајќи дека досега недостигот...

Четири златни медали за македонски ученици во Кембриџ

Четири златни медали освоија македонските ученици во исто толку категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија. Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски денеска во својот кабинет ја прими Ајше Хасан, охриѓанката што го предводеше македонскиот тим на натпреварувањето во Англија. Наградите се дотолку повредни што станува збор за натпреварување на кое...

Куќен притвор за Александар Јаневски Тошта

На Александар Јаневски Тошта, кој е обвинет за обидот за убиство на Зијадин Села му се заменува мерката притвор со куќен притвор, потврдија од OJO. – Кривичниот совет на Основниот суд Скопје го уважи предлогот на одбраната на А.Ј. за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор и по правосилноста на решението тој ќе излезе од затворот „Шутка“- велат од...

Шекеринска: Членството во НАТО, признание за напорите на Македонија

Македонија изоде долг пат и направи голем скок во интегративните процеси, што го потенцира нашиот кредибилитет како полноправен член на НАТО алијансата во блиска иднина. Се надеваме на членство во НАТО, кое ќе биде признание на нашите напори и ќе ја зајакне безбедноста во регионот. Ова им го порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска на министрите за одбрана на...

Струмичанец се обидел да силува малолетничка

СВР Струмица поднесе кривична пријава против струмичанецот М.К. (41) поради основи за сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.  Пријавениот завчера околу 10 часот во куќата на С.Д., додека таа не била присутна, се обидел да изврши други полови дејствија врз нејзината малолетна ќерка. Девојчето давало активен отпор, по што пријавениот избегал. 

„Мајкрософт“ тестира подводен дата центар

„Мајкрософт“ тестира користење на подводен центар за податоци во рамките на проектот „Natick“. Експерименталниот објект, внесен во контејнер, се наоѓа на морското дно во крајбрежјето на Шкотска, соопшти „Форчн“. Бидејќи центрите за обработка на податоци лачат поголемо количество топлина, компаниите се стремат да ги постават во држави со ладна клима, намалувајќи ги на тој начин трошоците за ладење на опремата....

Почина работник, откако врз него паднала плоча

С.Д. (64) од кумановското село Тромеѓа, починал утрово откако врз него паднала плоча, додека работел на приватна куќа на ул. „Никола Спасиќ“ во Куманово. Како што соопшти МВР, настанот се случил претпладнето околу 09.00 часот. - С.Д. со возило на Итна медицинсла помош бил пренесен во Медицински центар Куманово, а од таму во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во...