Ким Јонг-ун пристигна во Сингапур
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун вчера пристигна во Сингапур, два дена пред долго очекуваниот самит со претседателот на САД, Доналд Трамп. Предвидено беше Ким да оствари средба со сингапурскиот премиер Ли Ксијен Лунг.
Трамп претходно порача дека наскоро заминува во Сингапур на „мировна мисија“ на самитот со севернокорејскиот лидер.
- Ким ќе има само една шанса во форма на самитот во Сингапур...
Георгиевски и Павлевски признаа вина, постапката за нападот врз Села ќе се раздвои
Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски за кои Обвинителството по разгледувањето на новите докази го смени обвинителниот акт, од обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во насилство за настаните во Собранието на 27 април лани, денеска пред судот ја признаа вината по новото обвинение.
- Ја признавам вината, го разбирам обвинението, рече Георгиевски.
Неговиот адвокат Дончо Наков побара, согласно новото обвинение,...
Трамп го напушти самитот на Г7 и остро го критикува канадскиот премиер
Обвинувањата до Трудо се напад без преседан на некој лидер на земја што е сосед или сојузник на САД, оценува Асошиејтед прес
Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти самитот на Г7, кој се одржуваше во канадската покраина Квебек. Трамп, во текот на летот со претседателскиот авион „Ер форс уан“ кон Сингапур, упати повеќе критики и обвинувања на сметка на домаќинот...
Мешовита комисија ќе врши истрага за исчезнатите бебиња во Србија
Мешовита комисија што ќе врши истрага за случаите со исчезнати бебиња, а во која се претставници од државни институции и родители на деца кои се сомневаат дека децата им се исчезнати од породилишта, почнува со работа. Тоа се случува четири месеци по основањето на таа комисија, објави весникот Вечерње новости.
– Формирањето и почетокот на работата на комисијата едвај го...
Реките со повисоки водостои, над дозволениот максимум Охридско и Дојранско Езеро
Над просечното ниво за јуни се водостоите на поголем дел од реките во Македонија, а кај езерата над дозволениот максимум се Охридското Езеро со 11 саниметри и Дојранското Езеро со девет сантиметри.
Денешните хидролошки мерења покажуваат дека под просекот за јуни се водостоите на Црна Река со 37 саниметри, Крива Река каде двојно е пониско нивото и Сатеска Река со...
Мигрантите по секоја цена бараат начин за влез во ЕУ
Бројот на мигрантите што почнуваат да ја користат новата маршрута преку Албанија до Европската унија изминатиот период е драстично зголемен. Мигрантите од Блискиот Исток, Северна Африка и некои делови на Азија поради повеќе причини ја напуштаат старата маршрута на движење низ Македонија и низ Србија. Бројот на луѓето што почнуваат да ја користат маршрутата на движење преку Албанија и...
И основците посетуваат психолози
Кај адолесцентите малку е поспецифична состојбата бидејќи тие се сами по себе во конфликтни години, кога отфрлаат авторитети, не слушаат родители, имаат потреба да се докажуваат и се под притисок и од дома и на училиште
Најмладиот пациент што има анксиозност и панични напади и со кој работам има само 14 години. Борбата е тешка, но решение постои. Сѐ е...
Различна диоптрија за поголем јаз меѓу САД и Европа
Со доаѓањето на Трамп за претседател на САД, Европа станува сѐ помалку релевантна за Америка. И на американските универзитети и во експертските тимови забележлива е растечката незаинтересираност во поглед на европските прашања. А кога е видно забележливо отсуството на квалитетен европско-американски дијалог помеѓу истомисленици, неминовно се поставува прашањето за форматот и воопшто за иднината на Северноатлантскиот сојуз
Повлекувањето на претседателот...
Водата е најважен дел од оброкот на мачките
Водата е драгоцена за мачките, затоа што во организмот не постои ниту еден процес во кој не учествуваат молекулите на водата
Молекулите на водата учествуваат во целокупниот процес на варење кај мачките, ослободувајќи го организмот од штетни продукти во сите метаболички процеси. Затоа е важно на своите миленици постојано да им обезбедувате чиста вода за пиење. Има различни истражувања околу...







































