ОН и ЕУ ги повикаа Италија и Малта да го прифатат блокираниот брод со над 600 мигранти
Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и Европската унија денеска ги повикаа Малта и Италија да му дозволат на бродот „Аквариус“, на кој се наоѓаат повеќе од 600 мигранти, да вплови во нивните пристаништа.
Бродот „Аквариус“, кој е изнајмен од француска невладина организација „СОС Медитеране“, во саботата од водите на Средозменото Море близу бреговите на Либија спаси 629 мигранти, меѓу...
Зголеменото производство во САД и Русија ја намали цената на нафтата
Цените на нафтата на светските берзи денеска се намалија за 15 центи за барел брент нафта, кој сега се продава за 76,31 долар.
Главни фактори зад намалувањето на цените на нафтата се растечкото производство во САД, која веќе произведува рекордни 10,8 милиони барели нафта дневно, како и во Русија.
Од друга страна, политичката и економската криза во Венецуела и неизвеснота околу...
До крајот на јуни ќе заврши реконструкцијата на патот Кочани – Делчево
Во завршна фаза се градежните работи за санирање на свлечиштата и големите оштетувања на коловозот на патниот правец Кочани – Делчево.
Санирани се критичните места на кои во изминатите години доаѓаше до одрони на огромни карпи што на подолг рок го блокираа сообраќајот на магистралата А3 и поврзувањето со соседна Бугарија.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на...
Османи: Владеењето на правото најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграции
Владеењето на правото претставува фундамент во изградбата на современо ефикасно и демократско општество и е најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграции. Ова денеска го потенцира вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со експертите кои се дел од Оценската мисија организирана од страна на ЕУ.
На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи истакнал дека од особено значење...
Се шири проблемот со авионските мотори на Ролс Ројс
Британскиот производител на авионски мотори Ролс Ројс денеска информираше дека проблемот со дефектните компресори поради кој компанијата Боинг мораше да повлече од употреба летала од типот 787 Дримлајнер, е откриен и кај други типови на мотори што ги произведува компанијата.
Ролс Ројс ги уверува своите акционери дека проблемот со компресорите се однесува само на мал број дополнителни мотори, но акциите...
ОН: Годинава во Сирија новорегистрирани 920 илјади раселени лица
Повеќе од 920.000 лица се раселени во Сирија за време на првите четири месеци од 2018 година. Тоа е највисоко ниво во седумгодишниот конфликт, соопшти ОН.
- Гледаме масовно раселување во Сирија ... Од јануари до април имаше над 920.000 ново раселени лица, изјави во Женева Панос Мумцис, регионален хуманитарен координатор на ОН за Сирија.
- Од почетокот на конфликтот, тоа...
Трамп: Верувам дека ќе постигнеме напредок на средбата со Ким
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во телефонски разговор со неговиот јужнокорејски колега Мун Џе-ин изрази оптимизам дека на неговата утрешна средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун може да биде постигнат „значителен напредок на дипломатски план“.
Како што соопшти Кабиенот на претседателот на Јужна Кореја, Трамп во разговорот го информирал Мун за детали од преговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, што се...
Општина Кичево денеска и утре ќе спроведе дезинсекција
Во Кичево денеска и утре во периодот од 20 часот до раните утрински часови на целата територијата на општина ќе се спроведа превентивна дезинсекција.
Доколку не дозволат временските услови дезинсекцијата ќе се одложи за што дополнително ќе бидат граѓаните известени.
Од Општината ги информираат пчеларите да ги заштитат пчелите.
Се поедноставуваат даночните постапки за земјоделците
Даночни олеснувања за земјоделците со кои се очекува повеќе пари да останат кај оваа категорија граѓани, најавија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
Така, се намалува прагот за регистрација на земјоделците од сегашните 1.300.001 денар на еден милион денари, а поврат на персонален данок ќе се врши за...
На 13 јуни пресуда за двајцата обвинети за нападот врз Села
Судот на 13 јуни ќе ја објави пресудата за двајцата обвинети за насилство во одвоената постапка за нападот врз Села во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година.
На денешното рочиште, двајцата обвинети Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ја признаа вината за делото.
Постапката за седуммина обвинети за нападот врз Села во Собранието на Република Македонија продолува на 2...







































