Британија ги предупредува своите граѓани да не патуваат во Турција
Владата на Велика Британија ги предупреди своите граѓани дека во Турција постои голема опасност од терористички напади, заради што ги советува да ја избегнуваат таа земја.
Во соопштението на владата, туристите се предупредуваат дека со одење во популарните дестинации, ќе се соочат со потенцијални терористички напади.
Во соопштението издадено во петокот, туристите се советуваат да избегнуваат големи метежи во градовите, како...
Една молба до Бујар Османи
Минатата седмица ме вознемирија два исказа. Најпрвин, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи изјави дека договорот на кој се работи со Грција (околу името) е веќе речиси финализиран, и дека прашање на часови е кога ќе биде прифатен од двете страни. Но, веќе во другиот исказ Османи се демантираше самиот себеси, па рече дека иако текстот наводно бил принципиелно усогласен,...
Советникот на Трамп претрпе срцев удар
Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека неговиот главен економски советник Лари Кудлоу претрпел срцев удар.
Кудлоу директор на Националниот економски совет во Белата куќа е примен во болница во Вашингтон.
Our Great Larry Kudlow, who has been working so hard on trade and the economy, has just suffered a heart attack. He is now in Walter Reed Medical Center.
— Donald...
Заев и Ципрас телефонски ќе ги финишираат преговорите
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас утрово треба да остварат уште еден телефонски разговор во рамки на процесот на преговори за решавање на спорот за името, откако вчера разговараа 60 минути.
Двајцата премиери се договорија денеска телефонски да продолжат со разговорите за спорот за името, а според оценките на двете страни преговорите се при крај...
Инфлацијата во Венецуела е речиси 25.000 проценти
Инфлацијата во Венецуел е речиси 25.000 проценти во изминатите 12 месеци, јави ДПА.
Финансиската комисија во Парламентот соопшти дека инфлацијата за тој едногодишен период (до крајот на мај) била 24.571 процент.
Само во мај била 110.1 отсто.
Портпарол на Комисијата изјави дека инфлацијата е 2,4 отсто дневно.
– Тоа е трагедија што ја преживуваме секој ден, изјави тој.
Венецуела е во тешка економска криза...
Каде во средно?
Со оглед на тоа дека пазарот на трудот има потреба и од кадри со завршено средно стручно образование, неопходно е државата да почне долгорочно да ги планира, димензионира и насочува функционирањето на образованието и уписните квоти во средните училишта во согласност со потребите и барањата на стопанството, и во согласност со состојбите на пазарот на трудот и на тој...
Нови рочишта за „Монструм“ и „Тарифа“
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Монструм“ и „Тарифа“.
Судењето за случајот „Монструм“ на СЈО, за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, треба да продолжи со репродуцирање на снимка од исказот на обвинетиот Хаки Азири дадена пред јавен обвинител.
Снимката од исказот ќе се гледа на барање...
Антиќ со Црвена ѕвезда шампион на Србија
Екипата на Црвена ѕвезда за која настапува македонскиот кошаркар Перо Антиќ, по четврти пат во низа ја освоија шампионската титула во домашниот шампионат.
Белградските „црвено-бели“ синоќа го победија ФМП со 97:88 и со вкупни 3-0 во финалната серија стигнаа до трофејот.
Воедно, ова беше нивни 19-ти трофеј во српското првенство.
Ким Џонг-ун го напушти хотелот Капела по средбата со Трамп
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го напушти хотелот Капела во Сингапур, веднаш по историската средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Конвојот на Ким го напушти хотелот и се упати кон аеродромот поради летот за Пјонгјанг.
Американскиот претседател Доналд Трамп остана во Сингапур, каде набрзо ќе одржи прес-конференција на која ќе појасни што содржи документот кој го потпишаа со Ким.
Доналд Трамп и Ким Џонг-ун потпишаа „сеопфатен“ документ
Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун потпишаа денеска „сеопфатен" заеднички документ.
- Тоа беше прекрасен ден и ние многу научивме еден за друг и за нашите земји, изјави Трамп по потпишувањето на документот. На прашањето што научил за Ким, Трамп рече дека тоа е многу талентиран човек, кој многу си ја сака сопствената земја. Потоа му подаде...







































