Уапсен доскорешниот премиер на Малезија
Доскорешниот премиер на Малезија Наџиб Разак денеска е уапсен во рамки на истрагата за исчезнување на милијарди долари од државниот фонд, што тој го формирал пред десетина години.
Малезиската антикорупциска агенција најави дека против Разак ќе биде поднесено обвинение.
Апсењето доаѓа по неочекуваниот исход на парламентарните избори на кои коалицијата на поранешниот премиер Махатир Мохамед извојува победа над блокот на Разак.
Нов граничен премин на албанско- црногорската граница
Министрите за внатрешни работи на Албанија и на Црна Гора, Фатмир Џафај и Мелвудин Нухоџиќ во Скадар потпишаа спогодба за отворање нов граничен премин на албанско- црногорската граница.
Граничниот премин Зогај (Албанија) - Цкла (Црна Гора) ќе функционира за меѓународен патнички сообраќај и патници. На истиот ќе има заедничка контрола која ќе биде лоцирана на црногорска страна, на местото Цкла...
Во Прилеп започна изградбата на прв Информатички центар за опоравување од катастрофи
Во Прилеп започна да се гради Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување континуитет во работата. Центарот се гради со европски пари обезбедени од ИПА компонентата – национална програма. Европската унија го
поддржува Министерството за внатрешни работи во воспоставувањето на Информатичкиот центар, како основа за идниот Шенгенски информациски систем на земјата корисник.
Овој инфромациски центар ќе овозможи зачувување (бекап) на...
Прилеп доби модерна пречистителна станица
Модерна пречистителна станица за третман на отпадни води, која опфати и санација на канализациската мрежа, доби Прилеп. Градот доби значаен инфраструктурен објект изграден со пари од ЕУ и од Владата на Република Македонија, со кој ќе се заштитува животната средина.
- Вредноста на проектот е околу 23 милиони евра, од кои 17 милиони евра се пари од ЕУ. Владата на...
Граѓански здруженија контра Предлог-законот за отпис на каматите на долговите, бараат нов закон
Граѓански здруженија бараат да се повлече од собраниска процедура Предлог-законот за отпишување на каматите за наплата на долговите поднесен од група пратеници и да се донесе сосема нов закон.
Не се согласуваат со предложеното законско решение за отпис на каматите за наплата на долговите по основ на комунални дејности, телефонија, кабелски оператори и одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на...
Пожар во хотел во Љубљана, евакуирани 100 лица (видео)
Во хотелот „Унион“ во центарот на Љубљана денеска изби пожар поради што се евакуирани стотина луѓе, соопшти словенечката полиција.
Огнот се уште не е локализиран, а во неговото гаснење учествуваат 75 пожарникари со 14 противпожарни возила, а полицијата истакнува дека никој не е повреден.
Пожарот изби во поткровјето на хотелот со четири ѕвездички. Но, се уште не е позната причината за...
Маж нападнат во автобус на ЈСП „Скопје“
Четириесет и осумгодишниот Н.А.(48) од скопското село Студеничани вчера попладне бил нападнат во автобус со број 67 од контролор на ЈСП „Скопје“, З.Г.(54) од село Орешани, Скопско.
Како што соопшти МВР, Н.А. случајот синоќа во 20:30 часот го пријавил во Полициската станица Кисела Вода.
Нападот се случил во 17:30 часот во автобусот, додека сообраќал на булеварот „Борис Трајковски“.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Женски труп пронајден во Вардар
Женско тело во фаза на распаѓање, на возраст од околу 60-70 години, вчера било забележано по течението на реката Вардар, на место викано „Лагот“.
Како што соопшти МВР, телото било заглавено во гранки, а случајот бил пријавен во Полициската станица Неготино.
Од страна на полициски службеници и Територијалната противпожарна единица Неготино веднаш биле преземени мерки и бил извршен увид. Телото по наредба на Јавен...
Во Албанија откриени над 50 тони бразилско пилешко месо со салмонела
Албанската национална агенција за храна запленила два контејнера со пилешко месо увезено од Бразил.
Станува збор за 50,2 тони месо, кај кое по извршените анализи на земените мостри било утврдено присуство на високо ниво на салмонела.
Агенцијата во соопштението наведува дека во тек е процедурата за враќање на месото, откако ќе биде комплетирана потребната документација.
Во текот на оваа година, блокирани се...
Интервју со Османли во белградски „Данас“
Повод за содржајниот разговор со нашиот автор се позитивните одгласи кон романот „Зад аголот“ во Србија. Преводот на нашиот роман, означен како „дело со исклучителна книжевна градба и завидна ерудиција“, неговиот српски издавач „Албатос плус“ го претстави лани на меѓународниот Саем на книгата во Белград.
Интервјуто со Томислав Османли насловено „Ова е време на сенки“, истакнатата српска книжевна критичарка и...







































