И денеска протести на вработените во „Еурокомпозит“ низ Прилеп

Вработените од прилепски „Еурокомпизит“ не само во Скопје, туку и во Прилеп денеска протестираа одејќи низ прилепските улици. На овој начин тие го изразија повторно револтот за она што се случува во фирмата. Велат дека се измамени и дека продолжува агонијата со нивната фирма. Премиерот Зоран Заев, кој беше во Прилеп, на новинарско прашање одговори дека за состојбите во прилепски...

Лев останува на чело на Германија

Јоахим Лев и официјално останува на чело на Германија. Веста беше потврдена од Германскиот фудбалски сојуз. - Имавме многу отворен и искрен дијалог во кој зборувавме за многу работи. Сите ние сме цврсто убедени дека во лицето на Јоаким Лев имаме селектор, кој многу точно може да анализира и да ги направи вистинските чекори за да го поведе нашиот тим...

Се зголемува посебниот додаток за лица со посебни потреби

Владата на денешната седница донесе одлука за зголемување на висината на правото на посебен додаток за дете со специфични потреби коешто има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години. Освен зголемувањето на сумата за посебен додаток овие лица ќе бидат и здравствено осигурани, ако не се осигурани согласно со Закон. Како што информира...

Продолжува откупот на лубениците, земјоделците незадоволни од цената и количините

По неколкудневен застој, продолжи откупот на лубениците во селото Колешино, најголемиот производител на оваа градинарска култура во Струмичко. По цена од три денари за килограм денеска се откупија околу сто тони, а до крајот на неделата откупувачот најавува преземање на околу 700 тони лубеници. Но, земјоделците не се задоволни од цената, ниту од количините што се откупуваат. Некои дури, во знак...

Заев: Членовите на ДИК ќе се утврдуваат до крајот на неделава

Верувам дека до крајот на неделата, собраниската Комисија за избори и именувања ќе ги именува членовите на Државната изборна комисија, рече премиерот Зоран Заев денеска во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање. - Она што го слушнав вчера, додека беа пратеничките прашања, е дека чекаме на одлука на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ги утврди своите претставници, како и ДУИ. Веројатно помалата...

Се истражува археолошкиот локалитет Градиште-Антигонеа кај Неготино

Се истражува археолошкиот локалитет Градиште-Антигонеа кај Неготино. Продолжуваат ископувањата од меѓународниот проект почнат во 2009 година. Активностите се реализираат од страна на НУ Археолошки Музеј на Македонија, во соработка со Општинската установа Музеј на град Неготино и Универзитетот Гдањск од Полска. - Раководители на истражувањата се Перо Арџанлиев од Археолошкиот музеј на Македонија и Николас Секунда од Универзитетот Гдањск. Членови...

Почнуваат подготовките за Илинденскиот марш, утре е крајниот рок за пријавување

Утре истекува рокот за пријавување коњаници за учество на традиционалниот Илинденски марш, кој оваа година се одржува јубилејно по 40-ти пат, информираат од општина Аеродром. Оттаму додаваат дека подготовките за маршот ќе почнат наредниот викенд покрај кејот на реката Вардар, и оти досега се пријавени 20 коњаници, меѓу кои и две девојки. Инаку, на маршот, кој на 27 јули ќе стартува...

Нова градинка во Џепчиште

Во тетовското село Џепчиште денеска беше пуштена во употреба нова детска градинка со капацитет за згрижување на 50 деца од селото и околината. Станува збор за нов објект на градинката "Младост" со кој се очекува да се намали листата на чекање за упис во градинка. -Во услови кога се бара место повеќе за згрижување на децата во претшколска установа, секој...

Камповите во Германија ќе бидат од затворен тип, без интеграција на мигрантите

Договорот меѓу Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер предвидува мигрантските центри што ќе бидат отворени во Германија, да гаранатираат дека мигрантите нема да имаат речиси никаков контакт со надворешниот свет, јави ДПА. Во центрите во кои ќе се обработуваат барањата за азил нема да биде...

Шекеринска: Следната недела Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО

Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО, а за неколку месеци ќе почне процесот на ратификување на протоколите, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која информираше дека денеска на владина седница е усвоен Стратегискиот одбранбен преглед. Министерката Шекеринска напомена дека земјата на церемонија во Брисел на Самитот кој е закажан за 11 и...