КОШАРКА – ФАЈНАЛФОР-ТУРНИР НА ЕВРОЛИГАТА
Четирите тима учесници на фајналфор-турнирот на кошаркарската Евролига за годинава, Олимпијакос, Фенербахче, Реал Мадрид и Валенсија, пристигнаа во Атина, за најважниот викенд во европската машка клупска кошарка, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Олимпијакос стигна до оваа фаза петта сезона по ред, станувајќи првиот клуб што го обезбеди своето место откако го победи Монако со 3-0 во победи во плејофот. Фенербахче потоа го совлада Жалгирис со 3-1, со драматичен финиш во продолжението во четвртиот натпревар, Реал Мадрид го победи Хапоел Тел Авив со 3-1, а Валенсија ја комплетира групата со неверојатниот настап во плејофот, надминувајќи го дефицитот од 0-2 против Панатинаикос за да победи со 3-2, со што стигна до првиот фајналфор-турнир во историјата на клубот и стана само вториот тим во историјата на Евролигата што направил таков пресврт, пишува ИОК.
Ова издание, исто така, го означува првиот фајналфор-турнир без натпревар за третото место. Најтрофеен клуб во ова натпреварување е Реал Мадрид со 11 титули, а од годинашните полуфиналисти Олимпијакос има три, а Фенербахче две титули. Годинашната сезона е 69. по ред, а 41. сезона во која се игра фајналфор-турнир.
Во првото полуфинале ќе играат Олимпијакос и Фенербахче, утре од 17 часот, а од 20 часот е дуелот Валенсија – Реал Мадрид. Натпреварот за европската титула на програмата е в недела, од 20 часот. Н.М.
































