Мицкоски најави протестен марш во Струмица в недела
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку видео порака со која се обраќа до секој граѓанин на Република Македонија најавуви протестен марш во недела в Стумица.
-Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема. Вистинското прашање е дали може поинаку? Еве на секој еден од вас Ви кажувам, на сите, машко и женско, старо и младо сите кои...
Стратегијата за непобедливост на „воините“ не е потполно сигурна?
Многумина го прогласија тимот на Голден Стејт вориорс за непобедлив, откако актуелниот НБА-шампион договори едногодишна соработка вредна 5,3 милиони долари со центарот Демаркус Казинс, комплетирајќи петорка од олстар-кошаркари. Но, одредени кошаркарски експерти сметаат дека ваквата стратегија, која на „воините“ претходно им донесе успех (со ангажманот на олстар-играчот Кевин Дурент), можеби нема да ги даде очекуваните резултати, пренесува магазинот „И-ес-пи-ен“.
Казинс...
Рускиот роман „Лав Толстој: Бегство од рајот“ на македонски
Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Лав Толстој: Бегство од рајот“ од рускиот писател Павел Басински, кој во 2010 година ја доби руската книжевна награда „Бољшаја книга“ (Голема книга). Книгата е за последните денови на Лав Николаевич Толстој, кој пред повеќе од еден век, на 82 години, тајно ноќе побегнал од својот дом во Јасна Полјана во непознат правец.
Книгата...
Ќе останеме без банани, решението нема да ви се допадне
Неодамна светската наука се соочи со проблем на габички кои предизвикуваат „панамска болест“, која ги напаѓа плантажите со банани ширум светот, која се заканува дека ќе ја истреби оваа овошка.
Досега оваа појава е забележана на тлото на Австралија, Југоисточна Азија, делови од Африка и Блискиот исток, поради што експертите размислуваат да направат генетски модифициран вид банани кои ќе бидат...
Омилениот роман „Физика на тагата“ се поставува во театар
Георги Господинов важи за вистинската книжевна ѕвезда на балканските простори
Еден од најчитаните романи кај нас, но и во поширокиот книжевен простор, „Физика на тагата“ на бугарскиот писател Георги Господинов, добива своја театарска драматизација. Премиерата на истоимената претстава е закажана за 6 јули (петок) во 20 часот во Кумановскиот театар. Драматизацијата е на Ивана Нелковска, а режијата на Милош Б....
Заев: Не е утврдено референдумското прашање
Не се знае референдумското прашање. Со политичките чинители и со граѓанскиот сектор ќе утврдиме дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но во секој случај резултатот ќе биде задолжителен, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета на Прилеп.
- За ова прашање немаме разговарано. Веројатно, чекаме да завршат интеграциите, односно 11 и 12 јули...
Хрватскиот балет на работ на национализмот
По зачленувањето во ЕУ во Хрватска, следуваше јакнење на екстремно конзервативните, националистички и либерални сили, пишува „Стандард“, по повод петгодишнината од приемот во европската заедница
Влегувањето на Хрватска во Европската Унија беше, пред сѐ, важно за самите Хрвати, кои сакаат да се дистанцираат од постјугословенските држави на југот, а истовремено да се заврши транзициската ера, но по зачленувањето следуваше јакнење...
Културата не познава граници- уметници од Македонија и Грција во Струга
Шест познати грчки уметници и петмина од Македонија инспирирани од убавините на Струга и околината веќе трет ден творат на првата македонско-грчка ликовна колонија „Културен мост“ што се одржува во организација на здружението на граѓани „Концепт“ од Скопје.
Меѓу гостите од Грција, како што информира за МИА претседателката на здружението „Концепт“ Јасмина Кантарџиева Димков, се петмина сликари и еден скулптор....
Вооружен напад во Турција, убиено едно лице
Едно лице е убиено, а друго е рането денеска при вооружен напад во зградата на Трговско-индустриската комора во јужниот турски град Осамние.
Како што јави телевизијата НТВ, при нападот биле ранети претседатлот на Комората во Османие, Деврим Алсој и неговиот заменик Јасан Ерсој, кој набрзо в болница им подлегнал на здобиените повреди.
Засега нема детали за нападот, како ни за извршителот...
Уапсена здравствена работничка поради убиство на осум бебиња
Британската полиција соопшти денеска дека уапсила една здравствена работничка под сомнеж дека убила осум бебиња и се обидела да убие уште шест други на одделение за новороденчиња во северозападна Англија.
Истрагата за смртта на 17 бебиња и 15 „нефатални колапси“ на Одделението на болницата „Грофицата од Честер“ во Честер во перидот од март 2015 до јуни 2016 година, трае повеќе...







































