Заев: Борбата за поголеми работнички права е наша заедничка заложба

Борбата за поголеми работнички права е наша заедничка заложба, сплотени, да изградиме просперитетна, граѓанска држава, еднаква за сите, вели премиерот Зоран Заев во честитката до сите граѓани на Република Македонија по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај. Тој истакнува дека основно право на човекот е да биде заштитен и сигурен на работното место, а одлика на секое цивилизирано...

Неделава рочишта за четири предмети на СЈО

Рочишта за четирите предмети на Специјалното јавно обвинителство, „Триста“, „Титаник“, „Насилство во општина Центар“ и „Т.Н.Т“ се закажани неделава во Кривичниот суд. За среда е закажано рочиште за „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО. Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, во овој случај обвинети се и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски,...

Шекеринска во САД: Македонија го заслужи членството во НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска смета дека Македонија го заслужува членството во НАТО со својата посветеност и работа, како и дека поканата од Алијансата би придонела не само за стабилноста на земјата, туку и на целиот регион. - Мојата цел е да ја побарам поддршката од стратешкиот партнер на Македонија, САД, во пресрет на Самитот на НАТО. Македонија го заслужи...

Синдикатите ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот со марш

Синдикалните организации во Македонија денеска се приклучуваат кон одбележувањето на 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот којшто се слави во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права. Најстариот, Сојузот на синдикати на Македонија, по неколку години пауза се враќа на традиционалното одбележување на 1 Мај, односно со првомајски марш по улиците на главниот град. Под...

Времето сончево со локален дожд и температура до 31 степен

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели ќе има краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, информираат од УХМР. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 21 до 31 степен. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер....

Без вода на 2 мај корисниците од ул. „Костурски херои“

Корисниците од ул.„Костурски херои“ во општина Центар задутре (2 мај) ќе имаат прекинато водоснабдување од 8:30 часот до завршување на дефектот, информираа од ЈП Водовод и канализација. Истиот ден корисниците од село Моране можно е да имаат прекин во водоснабдувањето од 9 часот до завршување на дефектот.   Прекинот во снабдувањето со вода е поради водоводен уличен дефект Ф 100мм на ул.„Костурски херои“ бр.6...

Репортери без граници: Во Кабул убиени најмалку девет новинари, шестмина повредени

Организацијата Репортери без граници (РСФ) денеска соопшти дека помеѓу жртвите од денешниот напад во Кабул загинале најмалку девет новинари, а шестмина се повредени. Претставникот на авганистанскиот Комитет за безбедност на новинарите, Седикилах Тавхиди потврди дека од 25 загинати во двојниот самобиствен бомбашки напад во Кабул, деветмина се новинари. - Денешниот двоен самобиствен напад, за кој одговорност презеде Исламска држава е најпогубен...

Гејтс: Над 30 милиони луѓе ќе починат за шест месеци од смртоносна епидемија

Основачот на компанијата Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс смета дека државите треба да се подготват за пандемија, која и претстои на светот, и тоа на ист начин како што би се подготвувале за војна. Тој верува дека смртоносната епидемија ќе ја погоди планетата во текот на следните десет години, а болеста ќе убие повеќе од 30 милиони луѓе за најмногу шест...

Асад: Агресијата на Западот само ја зајакнува одлучноста на Сирија

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска изјави дека „агресивните потези“ на поединечни западни држави против неговата земја само ќе ја засилат одлучноста на Сирија да го одбрани својот суверенитет. - Неодамнешните напади само ќе ја засилат одлучноста на Сиријците да го бранат својот национален суверенитет и право сами да одлучуваат за својата иднина, посочи Асад по средбата со шефот на...

Во Белград ќе се градат 54 фонтани и ќе се подигнуваат споменици

Во следните неколку години во Белград ќе бидат изградени 54 фонтани и секоја од нив ќе претставува мало уметничко дело, изјави денеска менаџерот на градот Белград, Горан Весиќ. - Фонтаните ќе имаат неправилен облик и ќе бидат поставени во парковите, на платоа, на плоштади, крстосници... Некои ќе бидат мали, а некои ќе чинат 10.000, 20.000 евра. Но ниту една нема...