Владата најавува законски измени за намалување на извршителските тарифи
Владата формира работна група која треба да изготви законски измени за намалување на севкупните трошоци во структурата на извршните решенија.
Како што соопшти денеска премиерот Зоран Заев, предвидено е постојните 42 тарифи во извршителските служби да се намалат на десетина, да се отстранат дополнителните адвокатски трошоци, а побарувањата за комуналните услуги да ги наплаќаат самите претпријатија.
Секој треба да се откаже...
Први мај во регионот – малку протести, повеќе прошетки во природа
Меѓународниот празник на трудот во државите од регионот се одбележува различно, со помали и воглавно симболични протести на синдикалците и со излети во природа.
Во Хрватска 1 мај се одбележува со симболичен протест на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска и Матицата на хрватските синдикати под слоганот „За реформи, за луѓето“.
Протестот е организиран со барања за правдени плати, подобри услови...
Најавена нова мерка за раст на платите
Премиерот Зоран Заев денеска по седницата на Економско-социјалниот совет најави нова мерка за раст на платите.
Како што рече Заев на прес-конференција во Владата, станува збор за директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто платите на работниците во трудоинтензивните дејности.
Условите за оваа мерка, напомена премиерот, ги исполнуваат околу 15.000 компании и 50.000 работници.
- Целта е една –...
Најмалку една жртва во пожар во Сао Паоло
Најмалку еден човек загина во пожар што изби во напуштена зграда во центарот на Сао Паоло. Станува збор за зграда со 26 спратови која поради пожарот се урна, јавија локални медиуми.
Според бразилски медиуми во зградата живееле околу 150 луѓе кои ги користеле претежно првите 10 спратови.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани 160 пожарникари со 57 пожарникарски возила.
Првомајски протести ширум светот, апсења во Турција
Ширум светот денеска по повод Денот на трудот се одржуваат протестни собири и маршеви со барање владите да се посветат на прашањата на работниците. Во некои држави властите ограничија протестни активности, а во Турција тоа резултираше со апсења.
Полицијата во Истанбул уапси повеќе од десет демонстранти кои тргнаа на марш кон градскиот плоштад Таксим спротиставувајќи се на забраната. Турција забрани...
Синдикалците ги доставија барањата до Владата
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски денеска ги достави барањата на синдикалците до Владата на Република Македонија.
Претходно, пред зградата на Владата сите синдикални здруженија дојдоа обединети, иако протестните маршеви ги почнаа на различни локации.
- Ова е нов почеток на враќање на довербата во синдикалното движење. Ќе се справиме со сите што ќе ги издадат работничкото...
Бишевски: Без работниците нема благодет за земјата
Претставниците во Собранието и во Владата треба да внимаваат на работничката класа, бидејќи преку нас работниците се остваруваат сите благодати во оваа земја. Ние сме тука да покажеме колку бројни и колку сме сложни. Во име на солидарноста да им порачаме да го вреднуваат трудот на работникот и да има достоинствена работа за сите, истакна на протестниот марш пред...
Двајца мажи повредени по пад во провалија во Струмичко
Двајца мажи се повредени по пад во провалија на трим патеката што води од градот кон манастирот „Свети Илија“.
Несреќата се случила вчера доцна попладне, а при падот едниот е полесно повреден, а вториот потешко.
Според очевидци, првиот по падот успеал да се задржи на едно дрво во провалијата на само четири метри од патеката, а другиот бил во дол длабок...
„Патиштата се различни, целта е една“, протестен марш на ССМ
Под мотото „Патиштата се различни, целта е една“ денеска пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија почна протестниот марш по повод одбележувањето на 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот којшто се слави во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права.
- Ве повикувам сите да маршираме достоинствено до Собранието и Владата каде ќе...
Со протестен марш ССНМ го крева гласот против ниските плати на новинарите
„Неуката е 1000% поскапа(на) од уката“ и „Образуваме деца за туѓи бели дворови“ се транспарентите што може да се забележат на денешниот Првомајски протест што го организира Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ).
Протестот не е се уште официјално почнат, но пред скопскиот плоштад Карпошово востание веќе се собираат луѓе, повеќето новинари, сниматели и фоторепортери.
Според најавата на ССНМ,...







































