Тачи го одобри Договорот за границата меѓу Косово и Црна Гора 

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска го потпиша Указот за стапување во сила на Законот за ратификација на Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, чие усвојување беше еден од условите за укинување на визниот режим за патување на косовските граѓани во ЕУ.  Тачи го потпиша Указот отакако Специјалното обвинителство ја отфрли кривичната пријава за „национално предавство“ поднесена против...

Црвен аларм во Пакистан по измерени 44 степени Целзиусови

Пакистанските здравствени служби објавија црвен аларм во градот Карачи во јужниот дел на земјата, каде вчера температурата достигна 44 степени Целзиусови. Властите во Карачи наредиле болниците, центрите за детско здравје и клиниките да бидат во состојба на зголемена готовност и да очекуваат можни пациенти. Карачи во јуни 2015 година го зафати топлотен бран во кој загинаа околу 2.000 лица. Поради високите температури...

Притвор за уште две лица за случајот со штитеничката од Домот за деца „25 Мај“

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за уште две лица македонски државјани инволвирани во предметот со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје (Дом за деца „25 Мај“). По предлог на надлежен...

Џафери: Иднината на нашата земја е во европското семејство

Република Македонија уште од самиот почеток на своето осамостојување, јасно и недвосмислено го зацрта својот пат и ги определи своите стратешки приоритети. Еден од нив е полноправното членство во Европската унија и за тоа имаме несомнена поддршка од сите граѓани. Ова денеска го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на одбележувањето на Денот на Европа-9 Mај, во...

САД загрижени поради турската набавка на руски ракетен систем С-400

Американскиот Стејт департмент изрази загриженост поради плановите на Турција за набавка на рускиот ракетен систем земја-воздух С-400. - Според договорите во НАТО, Турција треба да набавува оружје и воена опрема кои се компатибилни со останатите партнери на НАТО. Со оваа набавка тоа не е случај, изјави портпаролката на Стејт департметот, Хедер Нојерт. Според извори во Стејт департментот, иако САД и Турција...

Бела куќа: Трамп не побара намалување на бројот на војници во Јужна Кореја

Белата куќа денеска ги негираше информациите дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Пентагон да подготви мислење за намалување на бројот на припадници на вооружените сили на САД во Јужна Кореја. Советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон истакна дека претседателот на САД не побрал мислење од Пентагон за ова прашање. Изјавата на Болтон претставува реакција на написот на „Њујорк...

Македонија и Грција во Солун договорија интензивирање на соработката меѓу полициите

Интензивирање на напорите за формално етаблирање на размената на информации преку воспоставување на заеднички Контакт центар за полициска соработка меѓу Македонија и Грција е еден од заклучоците што се постигнаа денеска во Солун во рамки на квадилатералниот состанок. На средбата освен министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, учествуваа и  министри за внатрешни работи и за транспорт. Министерството за...

Изгоре плевна во Лешок, тетовско

Материјална штета од околу 180 илјади денари претрпел М.К.(71) од тетовското село Лешок по големиот пожар што вчера околу 18 часот од засега неутврдени причини избувнал во неговата плевна, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци, пожарот бил забележан и пријавен од страна на сосетка на сопственикот. - Од огнот била целосно опожарена покривната конструкција на објектот во...

Во Кривичниот суд се гледа снимка од безбедносна камера во Собранието

Во судницата во Кривичниот суд попладнево е пуштена снимка од безбедносната камера во Собранието на Република Македонија, на која се гледа Зијадин Села со крваво лице го влечат низ собраниските ходници на 27 април минатата година. Претходно, на денешното рочиште беа пуштени и три други снимки направени од мобилен телефон од присутните во Собранието. На првата снимка се гледаа насилните дејствија на...

Кокошков горд на неговото назначување за тренер на Феникс санс

Српскиот кошаркарски тренер Игор Кокошков изјави дека е исклучително горд на неговото назначување на чело на Феникс Санс. Поранешниот селектор на репрезентацијата на Словенија ќе биде првиот главен тренер на НБА тим, кој е роден надвор од Северна Америка. - Дефинитивно сум горд што сум првиот главен тренер на НБА тим кој не е роден тука. Возбуден сум од можноста...