Фаворитот Вардар убедлив против Металург
Ракометарите на актуелниот првак Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на 5. коло од плејофот во домашната Супер лига, високо го совлада градскиот ривал и вице-првак Металург со 37-18 и се на чекор до одбрана на шампионската титула.
Црвено-црните го добија првиот дел со 18-9. Почнаа со водство од три гола, реализирајќи преку Тимур Дибиров, Жоан Кањелас и...
Јаја Туре по осум години си оди од Манчестер сити
Јаја Туре на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер сити, потврди тренерот Пеп Гвардиола.
На фудбалерот во јуни му истекува договорот и по осум години ќе го напушти „Етихад“.
- Јаја дојде овде кога почна целата оваа авантура. Тука сме поради сето она што го направи за клубот. Не смееме да го заборавиме периодот на Роберто Манчини и Мануел Пелегрини,...
Грчката полиција разби мрежа за шверц со лекови против рак
Грчката полиција разби криминална група која крадела лекови за рак од болниците во земјата и ги шверцувала во други европски земји за да ги продава по исклучително високи цени, при што пациентите можеби останувале без лекови кои би им го спасиле животот, соопштија локалните власти.
Во операцијата се уапсени 21 лице на возраст од 22 до 70 години, а меѓу...
Роднините на протераните „ѓуленисти“ ја тужат косовската Влада
Роднините на шестмината турски државјани од Косово, кои официјална Анкара ги смета за следбеници на движењето ФАТО, кое го предводи верскиот лидер во егзил, Фетулах Ѓулен, ја тужат косовската Влада.
Во кривичната пријава до Обвинителството стои дека ја тужат Владата во Приштина поради непочитување на права на протераните и оти депортацијата е реализирана спротивно на законите на Косово.
Во првата реакција...
Симеоне суспендиран и за финалето на Лига Европа
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, поради суспензија нема да може од клупата да го води својот клуб на финалето во Лига Европа.
Тој доби суспензија за четири натпревари, откако на првиот полуфинален натпревар против Арсенал во Лондон беше исклучен.
Тогаш тренерот на мадридскиот клуб го навредуваше судијата и доби црвен картон.
Симеоне не го водеше својот тим и на реваншот во...
Северна и Јужна Кореја повторно се во иста временска зона
Северна Кореја веќе е во иста временска зона со Јужна Кореја, јави севернокорејската новинска агенција КЦТА.
Агенцијата додаде дека промената на времето е првата практична мерка за забрзување на процесот на обединување на Северот и Југот по историската трета средба на врвот меѓу двете држави минатата недела.
Воспоставувањето на иста временска зона на Корејскиот полуостров беше договорено на разговорите меѓу јужнокорејскиот...
Стапката на невработеност во САД падна на рекордно ниско ниво
Стапката на невработеност во април во САД падна на 3,9 проценти, што е најниска стапка во изминатите 17 и пол години.
Според Секретаријатот за труд, во април биле отворени нови 164.000 работни места надвор од земјоделскиот сектор, додека ревизија на податоците од март покажа дека биле отворени 135.000 нови места, место претходно пресметаните 103.000.
Ова е сепак далеку под резултатот од...
Каталонскиот Парламент подготвува терен за избор на Пуџдемон за премиер
Каталонскиот Парламент денеска гласаше за промена на регионалните закони, со што ќе може да го избере поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон за претседател на Владата на Каталонија.
Со мнозинство гласови, пратениците во Парламентот го усвоија предлогот претседателот на регионалната Влада да може да положи заклетва без да биде присутен во Парламентот и да владее од странство, иако тој потег речиси...
Инспекторите на ОПЦВ се вратија од градот Дума во Сирија
Инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) се вратија од мисијата во сирискиот град Дума, каде земаа примероци и разговараа со сведоци за да утврдат дали во нападот од минатиот месец биле употребени забранети оружја.
Ова го изјави анонимен дипломатски извор кој додал дека екипата на ОПЦВ синоќа се вратила во Холандија, каде што се наоѓа седиштето на...
Трамп: Ги одредивме местото и датумот за средбата со Ким
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека местото и датумот за неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се веќе утврдени и дека наскоро ќе бидат соопштени.
Белата куќа претходно информираше дека средбата Трамп-Ким би можела да биде одржана во текот на овој месец, доколку Пјонгјанг направи отстапки во врска со нуклеарната програма и со другите прашања за кои има несогласувања...







































