Во Шпанија оваа година пристигнале повеќе мигранти отколку во Италија
Меѓународната организација за миграција соопшти денеска дека оваа година во Шпанија по морски пат пристигнале повеќе мигранти и бегалци отколку во Италија.
Во Шпанија до 15 јули пристигнале 18.016 мигранти, додека во истиот период на територијата на Италија пристигнале 17.827 луѓе, се наведува во соопштението на Агенцијата за миграција на ОН.
Хуманитерните групи пријавиле пораст на бројот на преминувања во Шпанија...
Владата предложи ДИК да се бира со 61 пратеник, наместо со двотретинско мнозинство
Собранието на Република Македонија не успеа да го усвои дневниот ред на 53. седница бидејќи пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, еден по еден, бараат промени во редоследот на дневниот ред откако владејчкото мнозинство ја изгласа потребата за носење на измените на Изборниот законик, во делот на избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Претседателот на Собранието ја прекина седницата кога...
Вучиќ: Поддршка од Макрон за компромис за Косово
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска дека од претседателот на Франција Емануел Макрон добил поддршка за пронаоѓање на компромисно решение со Албанците на Косово, и не само да се обезбеди мир следните две години, туку и траен мир за да се концентрираат на забрзан економски напредок.
-Разговаравме за иднината на Србија и за регионот и за дијалогот меѓу Белград...
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Гостивар
Млад мотоциклист денеска попладне е пренесен на скопските клиники со тешки повреди задобиени во сообраќајна несреќа која, според полицијата, се случила во 13:30 часот на улицата „Кеј Братсво Единство", во близина на пазарот во Гостивар.
Од првичните сознанија на увидот на полицијата што се врши со овластување на Јавен обвинител повреден е Р.А. (21) од Гостивар. Тој во моментот на несреќата...
Земјотрес од 4,5 по Рихтер регистриран во Албанија
Земјотрес со интензитет од 4,5 степени по Рихтеровата скала денеска беше регистриран во албанските градови Тирана, Драч и Каваја.
Потресот бил почувствуван во 13.05 часот по локално време. Епицентарот е во реонот на градот Рогожина, близу Тирана.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Јункер на средба со Трамп во Вашингтон на 25 јули
Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер на 25 јули ќе отпатува во Вашингтон, каде во Белата куќа ќе оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти ЕК.
Тие ќе разговараат за „продлабочена соработка" помеѓу ЕУ и САД, за широк спектар на прашања, вклучително и надворешната политика, безбедноста, борбата против тероризмот, енергетската безбедност и економскиот раст.
Јункер и Трамп ќе...
Џафери: Собранието нема да биде заробеник на политичките партии
Собранието на Република Македонија попладнево со 62 гласа „за“ ја утврди потребата за донесување по скратена постапка на измени и дополнувања на Изборниот законик што се однесуваат на изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара точката да биде тргната од дневен ред што не беше изгласано од владејачкото мнозинство, кое со измените предлага ДИК да се...
Харадинај: Косово утре ќе добие препорака за визна либерализација
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај изјави дека утре Европската комисија ќе го објави извештајот во врска со исполнувањето на последниот критериум за визна либерализација за Косово и дека е оптимист дека тој извештај ќе биде позитивен, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај, пред заминувањето утре ,заедно со претседателот, Хашим Тачи и собранискиот спикер, Кадри Весели, во Брисел, каде што треба...
Заев закажа лидерска средба за утре во 18 часот
Претседателот на Владата и лидер на СДСМ Зоран Заев за утре во 18:00 часот во Клубот на пратенциите закажа лидерска средба.
- Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во...
ЕК повторно ќе го казни Гугл со милијарди евра
Европската Комисија се подготвува утре да најави уште една казна од повеќе милијарди евра за Гугл за случајот Андроид. Се очекува казната да биде рекордно висока, според повеќе европски извори.
Европските власти утре би требало да ги најават санкциите против дигиталниот гигант поради злоупотреба на неговата доминантна положба на пазарот преку системот Андроид. Во 2017, Европската Комисија веќе еднаш му...








































