Бојко Борисов: Она што го правиме во Западен Балкан е заради мир

Она што го правиме во Западен Балкан е за мир. Но, за да постои мир, мора да имаме силни вооружени сили и да соработуваме со земјите од Западен Балкан, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Софија. Тој оцени дека нема подобро место да се зборува за мир отколку во соба со...

Започна Скопскиот маратон, рекордни 10.000 натпреварувачи

Во Скопје денеска се одржува 14-от Виз Ер Скопски маратон. Пријавени се рекордни преку 10.000 маратонци од 58 земји од светот.  Маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон стартуваат во 8:30 часот, а трката од 5 км во 8:40 часот. Стартот е во центарот на Скопје пред Порта Македонија. Се очекува маратонот да заврши околу 14:00 часот.  На маратонот годинава присуствува и ексклузивната гостинка, светската...

Променливо облачно време, попладне дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната температура од 17 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува...

КФОР: Војска на Косово единствено преку уставни измени

Трансформирањето на Безбедносните сили во војска на Косово треба да се направи единствено преку уставни, а не законски измени. Ова за весникот „Зери“ го изјавил висок претставник на КФОР, додавајќи дека за да се стигне до војска потребна е согласност и од немнозинските етнички заедници. - Според официјалните претставници на КФОР,  дури и кога се одлучува за трансформација на Безбедносните сили,...

Могерини: Балканскиот самит во Софија ќе биде исклучително важен

Европската претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска оцени дека претстојниот самит на Европската унија и земјите од Западниот Балкан во Софија ќе биде исклучително важен, јави бугарската новинска агенција БТА. - Средбата ќе биде показател дека ЕУ и нашите партнери од Западен Балкан не споделуваат само географска област туку и заеднички цели. Целиот регион има европска...

Поради Скопскиот маратон утре пренасочување на сообраќајот и сменети линии во јавниот превоз

Jавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги информира граѓаните дека поради одржувањето на „Виз Ер Скопски Маратон 2018“ утре во периодот од 7 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај на повеќе градски улици и булевари. Во тој период целосно затворен за сообраќај ќе биде булеварот „Илинден“, од крстосницата со улицата ВМРО до булеварот 8. Септември; во продолжение, затворена...

Родителите на Меган Маркл пред венчавката ќе се сретнат со кралицата

Родителите на Меган Маркл, холивудската актерка која на 19 мај ќе се омажи за принцот Хари, пред венчавката ќе се сретнат со кралицата Елизабета и други членови на кралското семејство, соопшти портпаролот на кралската палата. Родителите ќе имаат посебна улога на венчавката на нивната ќерка. Предвидено е таткото на Меган, Томас маркл да ја одведе ќерка си до олтарот во...

На лондонски аеродром запленети 50 крокодили

На лондонскиот аеродром Хитроу запленети се 50 крокодили поради тоа што не биле транспортирани согласно прописите. Рептилите стари една година, стасале со лет од Малезија и меѓусебно се бореле за време на патувањето поради тешките околности во кои се нашле, јави Би-Би-Си. Тие биле сместени по 10 во бокс, иако било предвидено во боксовите  да има по четири крокодили. Еден од крокодилите угинал...

Ќерката на Раул Кастро предлага легализација на истополови бракови на Куба

Мариела Кастро, кубанска пратеничка и ќерка на лидерот на Комунистичката партија и поранешен претседател Раул Кастро, соопшти дека ќе инсистира истополовите бракови да бидат вклучени во процесот на уставни реформи, кој би требало да започне во јули. Се очекува реформата да покрие голем број промени, осовременувајќи го Кубанскиот устав од 1976 година, создаден за планска економија од советски стил. Комунистичката...

НСА во 2017 година собрала податоци од над 500 милиони телефонски разговори на Американците

Американската Агенција за национална безбедност (НСА) собрала над 500 милиони записи на телефонски повици на Американци минатата година, што е тројно повеќе отколку во 2016 година, се наведува во извештајот на американското Национално разузнавање, објавен вчера. Зголемувањето од 151 милиони на 534 милиони е спроведено во втората година од функционирањето на новиот систем за следење, воведен во агенцијата, откако во...