Анѓушев: Секоја промена на трасата на гасоводот низ Водно ќе значи одолжување на градбата

Магистралниот гасовод низ Водно има регуларна градежна дозвола и за негова изградба државата има земено кредит и потпишано договори со изведувачи. Станува збор за проект среде имплементација и секоја промена ќе значи одолжување на градбата на гасоводот и дополнително сечење на шума за греење на граѓаните, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Одговарајќи на прашање на денешната прес-конференција...

Јужна Кореја тргна во борба против вознемирувачкиот тренд „молка“

Јужнокорејската полиција тргна во одлучна борба против камерите што тајно ги снимаат луѓето додека се пресоблекуваат при посетата на базен или на плажа, барајќи спас од горештините на летото, пренесува „Вашингтон пост“. Властите, реагирајќи на негодувањето на јавноста, организираа тимови опремени со инфрацрвени скенери кои се способни да ги забележат скриените уреди со објективи и направите на електрично полнење. Полициските...

Индустриското производство во јуни поголемо за 12,1 отсто

Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани е поголемо за 12,1 отсто. Во периодот јануари - јуни 2018 година во споредба со истиот период минатата година има пораст од пет отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во јуни годинава во однос на јуни 2017-та бележи опаѓање...

„Алкалоид“ со инвестиции од 561,4 милион денари и со 105 нови вработувања

„Алкалоид“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари-јуни 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран биланс на успех. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни, продажбите достигнуваат 3.647.869.385 денари, што е за 4 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 701.478.745 денари, бележи зголемување...

Концерт на Филхармонијата на 2 август во Антички театар во Охрид

Македонската филхармонија под диригентската палка на Џијан Емин и американскиот музичар и диџеј Хуан Аткинс на 2 август во 22 часот во Античкиот театар во Охрид ќе одржат концерт на електронска и класична музика. Диригентот Емин денеска на прес-конференција во Македонската филхармонија рече дека досегашната соработка што ја имаат со Аткинс ветува дека ќе направат вистински музички спектакл. - Имаме многу убав проект. Се...

Невработеноста во ЕУ на најниско ниво во последните десет години

Стапката на невработеност во ЕУ и во Еврозоната е на најниско ниво во последните десет години, односно од почетокот на глобалната економската криза, сооошти денеска статистичката служба на Унијата, Евростат.  Како што јави дописничката на МИА од Брисел, во јуни 2018 година стапката на невработеност во ЕУ била на 6,9 проценти. Во истиот месец лани таа изнесуваше 7,6 отсто. Земјите членки со...

Косовските царини се штетни и загрижувачки

Европската комисија итно го повикува Косово да се однесува конструктивно за да ја реши ситуацијата без одложување, особено со оглед на тоа дека Косово моментално претседава со ЦЕФТА Сѐ уште е неизвесно дали и кога Косово целосно ќе ја повлече одлуката за зголемените царини на земјоделските производи. По повеќе денови чекање, за да се види дали Косово и земјите од регионот...

ЕУ санкционираше шест руски компании кои го градеа мостот до Крим

Европската унија(ЕУ) денеска донесе одлука да воведе санкции против шест нови компании и здруженија, кои се вклучени во изградбата на мостот преку теснецот Керч, со кој полуостровот Крим се поврзува со Новоросиск. Компаниите се казнети затоа што со изградбата на мостот и помагаат на Русија да ја зацврсти контролата врз Крим. ЕУ не ја признава руската анексија на Крим и го...

Штетите од сушата во Германија проценети на неколку милијарди евра

Штетите врз германското земјоделство предизвикани од сушата и жешкото време изнесуваат „неколку милијарди евра“, изјави претседателот Здружението на земјоделците на Германија, Јоаким Рукид. Според него, само кај житните култури предизвикана е штета од 1,4 милијарди евра. Тој побара од Владата да подготви итни мерки за помош на земјоделците кои претрпеа штети од сушата. - Штетата е огромна. Земјоделството не може да...

Џафери: Кампањата за референдумот почнува на 10 септември

Парламентот ќе работи до 10 септември кога претседателот на Парламентот Талат Џафери очекува да почне кампањата за референдумот, што, пак, веќе е закажан за 30 септември. Иако предлагачи на одлуката се пратениците, Џафери вели дека носители на кампањата би можеле да бидат политичките партии, но и Владата, па дури и Собранието. - Веке три децении граѓаните на РМ...