Зголемени цените на увозните горива
Увозните цени на горивата во земјава во јуни годинава се повисоки за 0,8 отсто во однос на претходниот месец и за 41,7 отсто во споредба со истиот месец лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, кај моторниот бензин има зголемување на цената за 0, 5 отсто на месечно ниво, а 36 отсто на годишно ниво. Кај горивата за млазни...
Банките им давале повеќе кредити на домаќинствата
Македонскиот финансиски систем минатата година работеше во поповолно опкружување во однос на 2016 година, одржувајќи ги својата стабилност и непреченото работење во сите сегменти. Ова го заклучи Советот на НБРМ, усвојувајќи го извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија во 2017 година.
Истакнато е дека во 2017 година, банките остануваат најзначајниот фактор за одржување на стабилноста на целокупниот финансиски систем...
Авионското прскање против комарци ќе трае четири дена
Град Скопје соопшти дека авионското прскање против комарци што почна денеска, ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник), кога ќе продолжи од земја, и ќе се одвива до 17 август во период од 23 часот навечер до 4 часот изутрина, наредниот ден.
Од Град Скопје истакнуваат дека заради зголемените врнежи во изминатиот период се...
Работат за плата, но не и за пензија
Преку синдикални здружувања работниците ќе можат да се изборат за своите права, особено за правото да добиваат здравствено и пензиско осигурување
Преку синдикално здружување или со заедничка борба, со пишување претставки во трудовиот инспекторат, работниците треба да бараат исполнување на своите права. Високата невработеност и слабата синдикална организираност се предуслови за непочитување на работничките права. Многу од работниците во Македонија...
Осветена црква во тетовска Луковица
Се освети параклисот посветен на Света Петка кој се наоѓа на влезот во тетовското планинско село Луковица, на Сува Гора. Градењето на црковниот храм траеше 14 години, а со тоа селото го добива третото православно светилиште, веднаш по црквите „Св. Илија“ и „Свети Георгиј“.
-Станува збор за параклис изграден од семејствата Јаковчески, Пејовски и Димитриевски, помогнати од месното население како...
Медведев ги спореди новите санкции кон Русија со објавување економска војна
Можно е воведувањето нови економски санкции кон Русија да се третира како објавување економска војна, на која мора да се одговори со сите економски, политички и други мерки, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.
Тој додаде дека не би сакал да ги коментира разговорите за идните санкции.
- Меѓутоа, доколку мерките како забрана на банкарски активности или употреба на оваа или онаа...
Хамза бин Ладен – наредниот лидер на Ал каеда?
Хамза бин Ладен, син на бившиот лидер на Ал каеда, Осама бин Ладен, наводно се оженил со ќерката на Мохамед Ата, главниот киднапер од терористичките напади против САД на 11 септември 2001 година. Други извори блиски до семејството Бин Ладен, пак, ја демантираат веста за бракот. Омар (37), четвртиот син на Бин Ладен, посочува оти неговиот полубрат е оженет...
Одбележана 115-годишнината од смртта на Јордан Пиперката
Денес се навршуваат 115 години од смртта на еден од најславните војводи од Илинденскиот период, Јордан Сиљанов, кај народот попознат како Јордан Пиперката, бестрашен борец за слобода на Македонија, роден во 1870 година во село Козица, Кичевско. Пиперката загинал кај село Цер, Кичевско, а по негова желба е погребан на ридот над селото Велмевци во месноста Черешна, од каде...
Уставниот суд може да му ја одреди судбината на референдумот
Според аналитичарите, судиите на Уставниот суд би требало да го прекинат одморот и на итна седница да ја разгледаат претставката на Левица, притоа да одлучат како правници, а не како политичари
Иницијативата од партијата Левица, поднесена до Уставниот суд на Република Македонија за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување референдум, на концизен начин ги систематизира правните...
Руинираност наместо препознатлив белег во стариот дел од Тетово
Калдрма која ја снемува од улиците, дотраени куќи пред распаѓање, многу смет. Ваква е сликата од населбите во стариот дел од Тетово кој наместо да биде
препознатлив белег градот, сега инфраструктурно и комунално наликува само на
еден запоставен дел.
Калдрма имало долж улиците во населбите Колтук, Два Бреста, Певчина и Поток. Главната улица „Гоце Делчев“ која се протега во должина од повеќе...









































