Објавено шведското ремек-дело „Доктор Глас“

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Доктор Глас“ од шведскиот писател Јалмар Седерберг, во превод од шведски јазик на Ивица Челиковиќ. Во ова ремек-дело на шведскиот класик Седерберг главниот лик е 30-годишен доктор, кој се вљубува во млада и убава пациентка, омажена за стар корумпиран свештеник, кој постојано ја присилувал на сè помалку подносливи „брачни должности“. Кога првпат бил објавен...

По 19 години изведба на Радомировиот псалтир на Бужаровски

Радомировиот псалтир е кирилски литургиски псалтир со молитви од втората половина на 13 век. Ораториумот, како што појасни композиторот, бил замислен и напишан токму за фестивалот „Охридско лето“ пред 19 години Воодушевена публика и овации добија македонските уметници што настапија во предворјето на црквата „Света Софија“ на фестивалот „Охридско лето“, со ораториумот Радомировиот псалтир од Димитрие Бужаровски. Солисти на вечерта...

Лондон летово нуди изложби што не смее да се пропуштат

Во лондонската галерија „Тејт Британ“ е отворена изложбата „Бејкон, Фројд и еден век сликање на животот“, во „Тејт модерн“ во тек е „Пикасо 1932 - љубов, слава, трагедија“, во Музејот на дизајнот - изложбата „Графики и политики 2008-18“, во Музејот на Викторија и Алберт до 4 ноември ќе трае изложбата „Фрида Кало: дотерување“... Неколку врвни ликовни изложби се отворени во...

Белград бара признаен статус на СПЦ и заштитена зона за 44 објекти на Косово

Косово Признаен статус на Српската православна црква на Косово, како и неограничен период да се задржи правниот режим за 44 објекти што претставуваат специфична зона на српската култура и верско наследство, ќе се најдат меѓу клучните барања на Белград во текот на дијалогот за сеопфатно решение за нормализација на односите со Приштина, пишува „Вечерње новости“. Освен тоа, весникот, повикувајќи се на...

Идејата за размена на територии ја поддржуваат и Вучиќ и Рама, но таа е многу опасна

Шведскиот дипломат, Карл Билд, кој е добар познавач на работите на Балканот, не ја поддржува идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија. Билд, кој во 90-тите години од минатиот век, беше меѓународен посредник за проблемите на Балканот вели дека ваква идеја е многу опасна, дури, како што ја нарекува, катастрофална и ќе предизвика движење на популацијата. Во напис за...

Полицијата заплени 20 тони хашиш

Црна Гора Во заедничка операција на црногорската полиција и Американската агенција за борба против наркотици (ДЕА), минатата недела биле запленети 20 тони хашиш, со вредност од 65 милиони евра на црниот пазар, соопшти висок претставник на црногорската полиција Енис Баковиќ. Тој прецизира дека на 2 август во водите на Италија бил запрен бродот „Ремус“, кој пловел под знамето на Панама, поради...

Речиси 400 милијарди долари штета од војната во Сирија

Војната што почна пред повеќе од седум години во Сирија причини штета од околу 400 милијарди долари, соопштија Обединети нации. Процената на ОН е објавена по состанокот на повеќе од 50 сириски и меѓународни експерти во Бејрут, организиран од Економската и социјална комисија на ОН за Западна Азија (ЦЕСАО). ЦЕСАО наведува дека разурнувањето во Сирија чини повеќе од 388 милијарди...

Дури 70 отсто од младите сакаат да ја напуштат земјата

Aлбанија Доколку им се даде и најмала можност, дури 70 отсто од младите би ја напуштиле Албанија и би заминале во некоја од земјите на Европската Унија. Овие алармантни показатели се дел од извештајот објавен од страна на Националната мрежа за млади на Албанија (ANYN) и ЦРЦА Албанија, во пресрет на Светскиот ден на младите, 12 август. Алтин Хазизај, претседател на ЦРЦА...

Скопјанец извршил полов напад врз 15-годишна девојка

Триесет и седумгодишниот скопјанец С.Ј. синоќа во Полициската станица Струга пријавил дека истиот ден околу 15 часот во куќата на Ф.Н. во тој град каде престојува заедно со неговото семејството, 39-годишниот скопјанец С.Џ. извршил полови дејствија врз неговата 15-годишна ќерка.  Од страна на полициски службеници С.Џ. бил пронајден и приведен во Полициска станица, при што било констатирано дека се бара за издржување...

Грчкото МНР реагираше на одлуката на Москва да протера грчки дипломати

Во соопштение под наслов „Давајќи му предност на националниот интерес: трезвено и стабилно“, Министерството за надворешни работи на Грција, реагира за одлуката на Москва да протера двајца грчки дипломати, но и детално и опширно ги коментира последните случувања во грчко – руските односи, јави дописничката на МИА од Атина. Ова, воедно е и прво официјално соопштение од грчкото МНР откако...