Захарова: Русија ќе прифати секакво решение за Косово, прифатливо за Србите

Русија ќе го прифати секое решение за Косово, кое ќе биде прифатливо за српскиот народ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. - Она што ќе биде прифатливо за српскиот народ околу ова прашање, тоа со почит ќе биде прифатено од наша страна. Но, прашањето е -дали ова е корисно и што ќе биде корисно за...

Продолжува акцијата за селектирање пластика во Лисиче

Акцијата за селектирање пластика во населбата Лисиче продолжува да се спроведува. Според соопштението на општината Аеродром, граѓаните позитивно ја прифатиле оваа иницијатива и за неколку дена веќе околу 50 семејства потпишале договори за соработка. Планирано е акцијата да вклучи околу 400 домаќинства во Лисиче, кои ќе ја селектираат својата пластика и на неформалните собирачи на отпад во одреден ден од...

Халими: Обединување со Прешевската Долина треба да го иницира косовското Собрание

Претседателот на Партијата за деморкатско дејствување (ПВД) од Прешевкста Долина, Риза Халими смета дека можното припојување на оваа територија со Косово би претставувало исполнување на дамнешните амбиции на Албанците од тој регион, но има резерви за времето во кое се појави овој предлог, јави дописникот на МИА од Приштина. Халими во интервју за денешниот број на „Коха Диторе“ истакнува дека,...

Старите тополи исечени, а новите овенати

Откога граѓаните почнаа да ги пријавуваат штетите што им настануваа од дотраените дрвја, градските власти почнаа да прават селекција и ревизија на дрвјата. Во согласност со селекцијата почнаа да ги отстрануваат постарите дрвја што би можеле да нанесат некаква штета, за која, доколку настане, ќе треба да платат градските власти. Затоа тие од сигурносни причини ги исекоа дрворедите од...

Влијанието на пристаништата врз домашната економија

Доколку се подобри инфраструктурата кон пристаништа во Албанија и во Бугарија ќе се зголемат опциите за македонските компании, со што секоја посебно ќе одлучи кое пристаниште ѝ обезбедува најдобри услуги за најприфатлива цена Далечината на превозот, инфраструктурната поврзаност, својствата на стоката, количеството, можноста за товарење, претовар, брзината на доставување се мал дел од аспектите што влијае врз одлуката на една...

Метропола без јавни тоалети

Префрлањето на одговорноста помеѓу општините и градските власти и невложувањето напори го оставаат главниот град без јавни тоалети Во која било развиена метропола низ светот задолжително има јавни тоалети, но кај нас, за разлика од остатокот од светот, за жал, ги немаме. Јавни тоалети имало и во антиката и тоа кажува нешто за свеста на луѓето во тие заедници и...

Најмалку 300 повредени при уривање на платформа на фестивал во Шпанија

Околу 312 луѓе се повредени, од кои петмина потешко, при уривање на дрвена платформа на фестивал во северозападниот дел на Шпанија, јавуваат шпанските медиуми. Нема информации за човечки жртви, а радиото Галега јави дека 312 луѓе се повредени на фестивалот во Виго, град во покраината Галиција. Градоначалникот на Виго Абел Кабалеро рече дека платформата која била 30 метри долга и 10...

Влезница за две минути во ладилник се наплаќа три евра

Како да се избориме со горештините е прашањето што изминатиов период сите си го поставуваат. Оние што имаат можност да отидат и да се разладат во езерските или во морските води секако дека го направиле вистинскиот избор, но оние што сѐ уште мораат да чекорат по жешкиот асфалт наоѓаат различни алтернативи како да се спасат од топлото време, а,...

И кучињата сакаат на море

Во прилог 10 раси кучиња што во вода се чувствуваат попријатно „Семејството на море, а кучињата на улица?!“ е кампањата со која здруженијата за животните секоја година апелираат сопствениците на кучиња во сезоната на годишни одмори да не ги оставаат своите миленици дома. И кучињата сакаат да уживаат во морските радости, некои можеби одморајќи во ладовина подалеку од водата, но има...

Велешанец избоден со нож

Триесетгодишен маж синоќа во Велес со нож прободел свој сограѓанин во ходник во станбена зграда, при што му нанел повреди во пределот на градниот кош. Во СВР - Велес вчера околу 22.05 часот било пријавено дека во ходникот во станбената зграда на ул. „Васил Главинов“ во Велес З.А. (30) од Велес со нож го прободел П.Н. (36). Повредениот бил пренесен во...