Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ

Средбата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе се одржи в петок во Енкориџ, Алјаска, соопшти денеска Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција објави дека в петок наутро, претседателот Трамп ќе отпатува во Енкориџ, Алјаска, на билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин. Таа навести дека постојат планови Трамп да ја...

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека ќе им дозволи на жителите на Газа да ја напуштат енклавата

Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ќе им дозволи на Палестинците да го напуштат Појасот Газа, додека војската подготвува поширока офанзива врз територијата. - Дајте им можност да заминат, пред сè, да ги напуштат борбените зони и генерално да ја напуштат територијата, ако сакаат. Ќе го дозволиме ова, пред се, во Газа, за време на борбите и сигурно ќе...

ЦУК:Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации

Вкупно 20 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 19 часот на територијата на државава. Од нив, седум се активни, два се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари се регистрирани во Македонски Брод, каде гори мешана шума во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во Сарај, во селата Свиларе и Радуша кон...

Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на армијата и полицијата заедно со екипи на ЈП „Јасен“. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. -Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ...

Сарајево Тајмс: За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштиле Западен Балкан

Во изминатите десет години, над 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан во потрага по подобар живот, покажуваат податоците на Светската банка. Евростат, пак, предупредува дека до 2050 година населението на Западниот Балкан може да се намали за повеќе од 15 отсто — тренд што сериозно ја загрозува долгорочната економска развојна перспектива и продуктивноста на земјите како Босна и...

Фајненшал тајмс: Одбранбената индустрија на ЕУ се шири со рекордно темпо

Европските фабрики за оружје се шират трипати побрзо од нивното мирновременско темпо. Новите индустриски области покриваат повеќе од 7 милиони квадратни метри, што го доведува вооружувањето до историски размери, наведува во анализа „Фајненшл тајмс“ според сателитски податоци од 150 локации на 37 одбранбени компании. Градежната активност во европската одбранбена индустрија се мобилизира по целосната инвазија на Русија врз Украина во...

Утре се очекува формирање Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе одржи седница на која се очекува да формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како што стои на календарот на активности на веб-страната на Собранието, седницата е закажана за 12 часот. Собранието на 5 август го распиша Огласот за нов претседател...

По повод Меѓународниот ден на младите, претседателката прими млади во Вила Билјана во Охрид

По повод Меѓународниот ден на младите 12 август, претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска во Вила Билјана прими млади од Охрид. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, на средбата учествувале претставници на Младинскиот центар Охрид, членови на Младинскиот совет од Охрид, првенци на генерацијата од трите средни училишта во градот, креатори на еко-апликацијата „Трашпингер“ („Trashpinger“), учесници во меѓународни младински размени, како...

Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора

Црногорски војник (41) загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во реонот на Кучи, на југот на земјата, кога се преврте воена цистерна со вода, јави порталот „Вијести“. Повредениот е пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора. Министерството за одбрана потврди дека, во координација со надлежните органи, се спроведува истрага за причините и околностите на несреќата. Инаку, пожари сè...

„Денови на А.А.Ростковски“ во Битола: Конзулот активно ги поддржуваше идеите за автономија на Македонија

Денеска во Битолa делегацијата на Амбасадата на Русија на чело со амбасадорот Сергеј Баздникин учествуваше во манифестацијата „Денови на А.А.Ростковски“, организирана од Регионалното здружение за македонско-руско пријателство во спомен на рускиот императорски конзул, кој трагично загинаа пред 122 години. Свештениците на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија според воспоставената традиција одржаа панихида. Дипломатите положија венец на споменикот „Рускиот крст“, подигнат...