На Ќафасан откриена пастрмка скриена во автомобил

Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук. Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во во просторот за...

Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании

Министерството за финансии исплати нова петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на домашните компании. Средствата, како што се наведува во соопштението на МФ, се трансферирани од Буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. МФ...

Пред 24 години, Албанците и Македонците си подадоа рака за да изградат нова, рамноправна Македонија, порача Ахмети

Пред 24 години, Албанците и Македонците си подадоа рака за да изградат нова, рамноправна и интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ, преку Охридскиот мировен договор, гарантиран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во говорот по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. - Заедно го изменивме уставот и го усвоивме нормативниот дел...

„Донглин“ – познат будистички храм во Кина

„Донглин“ (со буквално значење храм во источната шума) е будистички храм што се наоѓа приближно 20 километри од Џиуџијанг, на север од покраината Џиангси, Кина. Изграден е во 386 година од нашата ера во подножјето на планината Лу од Хуијуан, основач на будизмот на чистата земја. За време на династијата Танг, Џианжен неколкупати патувал во Јапонија во мисија за...

Лиценците за работа во градинките повторно активни

Околу 350 лица денеска ќе полагаат за лиценца за работа за воспитувачи, негуватели, стручни работници, соработници и директори која обрска е задолжителен предуслов за вработување во детските градинки. Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска присуствуваше на полагањето на стручниот испит на Филозовскиот факултет кој процес беше блокиран од 2023 година. -Денес сакам да ве информирам дека конечно...

Мицкоски за Рамковниот договор: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните

Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните. Заедно да градиме и заедно да ги решаваме проблемите. Куферите кои си заминуваат немаат националност, истакна денеска во својот говор на настанот за одбележување на 24 - годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор премиерот Христијан Мицкоски. - Како политичар не познавам мал или голем свет, ваков или таков, туку само...

Мини-фикција за „Калиграфи“ и краснописецот Галевски

(Влатко Галевски: „Калиграфи на филмското писмо“, „Флип бук“, 2025, Скопје) Во книгата со прецизен наслов „Калиграфи на филмското писмо“, филмофилскиот вруток на Галевски е понесен од дванаесетмина (бројка со особена духовна бранова длабочина) мајстори на филмскиот занает, секој со својствена, индивидуална свесност во градењето на своите оригинални остварувања. Силно дејствувачки и препознатливи, но и лично протолкувани и изградени се визуелните...

Амброзискиот дух на ангелот

Рецензија Во следните рецензии ќе правам омаж на неколку класици што оставиле значаен печат во филмската историја. Првиот што ја има честа да ја отвори оваа селективна филмска класика несомнено ѝ припаѓа за сјајната мелодрама „Небото над Берлин“ (1987) на германскиот маестро Вим Вендерс. Мал број модерни филмови молскавично се искачија кон класичниот филмски трон, а некои дури го сменија и...

Македонски уметници на меѓународна изложба во Братислава

Од 14 до 30 август на западната тераса на Братиславскиот замок во Словачка, ќе се одржи третото издание на меѓународната изложба „Батерфлајс ин д соул“, во организација на невладиното здружение „Сме жени“ од Братислава, во соработка со Националниот совет на Република Словачка. Македонија годинава ќе биде претставена од двајца истакнати автори: Филип Фидановски, со 7 скулптури во керамика од изложбата...

„Преку езерото“ – откритие на Балканот и Медитеранот

Во амфитеатарот во Дојран свечено беше отворен фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. Во преполниот амфитеатар на Лазар Ристовски му беше врачена наградата „Мето Јовановски“ за високо достигнување во уметноста на филмот, која фестивалот ја доделува по вторпат, а беше прикажан филмот „Кога летото ќе заврши“ на Данис Тановиќ, како и краткиот дебитантски филм „Боја на темнината“...